Видео упатство за регистрација за корисник за Тикет Системот

 

Видео упатство за користење на тикет системот

 

Упатство за користење на Тикет системот.

Едноставен кориснички Interface, лесен за користење и навигација, опремен со сите неопходни и доволни информации за комуникација со ZONEL Software

Креирање на нов Тикет

1) Копче за креирање нов Тикет. При креирањето се внесува само насловот, додека содржината на прашањата се наведува дополнително преку “Ново Прашање“.

Тикетот може да биде

  • “Јавен“, односно видлив за сите корисници од комитентот, или
  • “Приватен“ – видлив само за корисникот што го креирал, вклучително и сите прашања кои се во склоп на истиот.

Поставување на ново прашање

2) Копче за поставување ново прашање во рамки на погоре одбраниот Тикет, со избор на

  • Сектор до кој е адресирано
  • Програм или програска област за која се однесува и
  • Опис на прашањето

3) Развоен дел со информации од ZONEL Software, кои се ажурираат повремено со тековни информации за развојот или текот на решавање на одбраното прашање.

4) Подетален приказ на содржината на одбраното прашање и одговорот на истото.

Прегледот на креирани Тикети

Прегледот на креирани Тикети“ ги содржи сите креирани Тикети за неограничен временски период, со податоци за датум и време на креирање, Опис и Статус.

Статусот може да биде:

  • “Отворен“ – Се чека одговор од ZONEL Software
  • “Одговорен“ – Значи последното поставено прашање е одговорено
  • Корисник“ – Значи се чека дополнителнаинформација од корисникот, според наведеното во одговорот и
  • “Затворен“ – Тикетот не може повеќе да се дополнува после отсуство на комуникација после одреден временски период (пример 3 дена) и се смета за финализиран

Прегледот на Прашања и одговори за одбран Тикети

Прегледот на Прашања и одговори за одбран Тикети“ ги содржи сите креирани Прашања за погоре одбраниот Тикет, за неограничен временски период, со податоци за датум и време на поставување, Опис на Прашањето, Датум и време на одговор, Содржина на одговорот и Статус.

Статусот може да биде

  • “Отворено“ – Се чека одговор од ZONEL Software
  • “Одговорено“ – Прашање е одговорено
  • “Корисник“ – Се чека дополнителна информација од корисникот, според содржината на одговорот и

Услови за користење и постапка за активирање на новиот Тикет Систем

Новиот Тикет Систем можат да го користат сите комитенти на ZONEL Software. Сепак постојат две категории:

  • Комитенти, кај кои претходно е инсталиран модулот System Security, односно имаат можност за најава со посебно корисничко име и лозинка, како и можност за сопствено креирање корисници: Во прегледот на корисници, потребно е истите да имаат внесено уникатна e-mail адреса, која всушност е корисничко име за најава во Системот
  • Комитенти кои го користат HELIX без најава со корисничко име и лозинка, односно без модулот System Security. Кај нив, покрај најнова верзија, потребна е и мала интервенција од страна на ZONEL Software за инсталација на основниот дел од овој модул, со кој ќе можат да дефинираат корисници според бројот на купени лиценци, но не и со делот за дефинирање на привилегии за секој корисник. Ова е неопходно за следење и потребно ниво на безбедност при користење на Тикет Системот. Оваа доградба ќе биде бесплатна и по барање од страна на коминтентот

За двете категории задолжителна е и поединечна регистрација на секоја корисник со еден клик, како на сликата:

Пристап преку интернет

Доколку немате со вас компјутер (странство, не сте во канцеларија, …) или од технички причини не сте во можност да пристапите преку HELIX, истото Ви е овозможено преку интернет. Но претходно треба да имате сетирано точни e-mail адреси за сите корисници:

За најава како корисничко име ја користите e-mail адресата, а за лозинка вообичаено претходно внесената

Линк за пристап преку интернет

За подетални објаснувања околу користење на Тикет системот, Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер Ви стои на располагање.

Постави прашање