1. Направете најдобра стратегија!
Што и да работите во животот морате да имате стратегија. Вашата филозофија – како гледате на се што се случува околу вас и стратегијата како ќе делувате се клучните сегменти за успех. Доколку имате визија да освоите нов пазар првото нешто на кое треба да поработите е стратегијата. Квалитетната анализа и истражување на пазарот ќе Ве насочат правилно во формирањето на стратегијата. Ова е исклучително важно особено ако започнувате да работите во земја која не ја познавате доволно. Бидете темелни ако сакате стабилен извоз!
2. Научете ја културата на земјите во кои што извезувате
Емоцијата е клучната состојка која е потребна за да се реализира продажбата. За да можете да пренесете емоција и да го тргнете гардот кој вообичаено го имаат непознатите луѓе, многу важно е да му се допаднете на клиентот. Знаењето на културата на земјата, нивната традиција, празниците, обичаите, менталитетот… можат да бидат вашиот најсилен адут како да им станете симпатични на клиентите.
3. Суптилен маркетинг
Бидете постојано присутни без да бидете досадни! Бидете внимателни со новите клиенти и новиот пазар. Немојте да ги давите луѓето со тоа колку сте добри! Развијте маркетинг активности со кои ќе ги анимирате новите клиенти со најразлични содржини кои не секогаш се поврзани со Вашата компанија. Дозволете им на новите луѓе да Ве запознаат преку квалитетот на Вашиот производ. Понудете вистинска вредност а не ветер, магла и празни зборови!
4. Изградете имиџ на светска компанија
Добриот имиџ е прашање на препознавање и вреднување на квалитетните работи а не на тоа колку пари имате. Не треба да вложувате многу пари за да изградите имиџ на светска компанија. Високо професионалниот однос на Вашите вработени и способноста за следење на новите трендови во деловниот свет ќе донесат модерен, свеж и светски изглед на Вашата компанија. Магијата е во деталите!
5. Нема граници. Се е возможно!
Она што е највозбудливо е фактот дека за добриот производ и идеја не постојат граници! Границите се само во нашите глави! Светот е отворен и чека на Вашиот производ! Од Вас зависи колку ќе бидете истрајни и посветени во Вашата визија. Почнете уште денес!
Helix докажано најдобар пријател на извозните компании изминативе 26 години!
Во спортот а и во животот, секој постигнат успех е резултат на искрено другарство. Животот без другари е сиромашен! Како резултат на нашето другарство успеавме да го создадеме најдобриот софтвер за секоја трговска компанија. Извозот не мора да биде напорен и стресен. Изработката на девизни фактури, моќните комерцијални извештаи, одличната наплата, беспрекорноста и уметноста во деловното работење Ви се достапни со неколку клика!
Добриот имиџ е прашање на препознавање и вреднување на квалитетните работи!
Договорете термин за бесплатна презентација!