Некои луѓе сметаат дека магацинот е само место каде се складира роба. Технички, тоа може и да се каже дека е така, сепак односот кон магацинот и начинот на кој го водите е еден од клучните сегменти кои ќе ја унапредат продажбата и Вашиот бизнис во целост. Ви откриваме неколку тајни како од Вашиот магацин да створите рудник со богатство:

Што треба да нарачате?

Еден од најголемите пропусти во водењето на магацините се грешките во нарачките. Ова често е причина за застарена роба, а некогаш и дури и за загуби поради расипување. Клучен сегмент е правилна анализа на продажбата и потрошувачката. Анализирањето е одлика на успешните луѓе! Правилното менаџирање со залихата е една од тајните за успешно менаџирање со магацинот. Потребно е комплетна систематизација на процесот, со што потребните сектори секогаш би имале информација за минимални и максимални количини. Колку често ни се случило за некои производи кои ги сакаме да ни кажат: немаме во моментов на залиха, дојдете следната недела. Тоа е пораз за сите! Не дозволувајте Вашите клиенти да чекаат! Можеме да Ви помогнеме! Побарајте план тука како да креирате беспрекорен систем за менаџирање со залихи!

Поврзаност на секторите

Без разлика дали станува збор за семејство, врска, друштво или пак голема корпорација… доколку нема правилна комуникација – сиромаштијата тропа на врата. Додека спортистите комуницираат со подавање на топката, во деловниот свет, правилниот проток на информацијата е од есенцијална потреба. Дали Вашите продавачи имаат информација за залихата при продажбата? Дали при приемот  Вашите вработени имаат информации за количини, просечна и последна цена од добавувачот? Дали Вашиот сметководител има автоматски пристап до работењето на сите сектори и има можност за автоматско книжење? Доколку не е така, веројатно некаде има прекин на комуникацијата. Постои софистицирано решени како Вашата компанија да функционира беспрекорно компактно! Закажете термин за консултативен разговор!

магацин

Брз прием – брз раст!

Правилната документација на процесот при прием и складирање може да биде многу мачна доколку не ја поставите на здрави темели. Употребата на софистициран систем кој поддржува уреди со бар код читачи е вистинска победа за Вашата компанија. Направете правилна класификација на производите. Неред во магацинот – неред во бизнисот! Направете правилен распоред на производите по рок на траење, групи на производи, брендови…. Брзиот прием и складирање значи и залиха секогаш спремна за продажба! Вашиот магацин е и продавница! Зголемете ја продажбата сега! Шампионите работат мудро а не напорно!

Како да имате прецизна следливост на производите?!

Недозволиво во овој бизнис е да немате комплетна следливост на производи. Нема ништо полошо од тоа, човек кој се занимава со бизнис, да не знае што од каде дошло и каде заминало. Веројатно ист однос ќе има и со иднината на компанијата.! Работењето со Лот броеви не е новост во магацинското работење, и досега се покажала како најефикасна алатка. Доколку немате идеа како е најдобро да го имплементирате системот за работа со лот броеви тука сме да Ви помогнеме. Побарајте бесплатен план!

Пописот не мора да биде мачење!

Доста беше мачење! Рачното броење одзема многу време, ресурси и нерви. Мобилните уреди со бар код читачи, се вистинско освежување за трговските компании. Не мора веќе да броите рачно и пак да не знаете до каде сте! Човечкиот фактор секогаш подлежи на грешка. Но, што откако сте изброиле? Дополнителното правење прием или излез на роба и евидентирање ќе одземе дополнително време кое може да го искористите за унапредување на продажбата. Споредбениот лагер е решение кое долго време го чекаа трговските компании! Имаме решение како може најбрзо да направите попис! Што мислите за автоматска можност за прием и излез од магацин согласно извештаите за кусок и вишок?! Одберете елегантен начин на водење бизнис! Побарајте бесплатна демо верзија!

Сојузништво!

Најголемите остварувања во светот се креирани по пат на сојузништво! Група на луѓе со иста цел и визија веројатно е најголемата моќ која поместува! Во изминативе 27 години помогнавме на рекорден број на македонски компании да го унапредат својот магацин. Искуството покажува дека уште во првата година со користење на Helix програмот, веќе ќе имате повеќекратна заштеда од загуби на стоката и во просек зголемување на продажбата 3 до 10 пати! Животот со пријатели е позабавен! Побарајте бесплатна демо верзија!