Довербата е нешто што се гради со години. Не дозволувајте поради мали пропусти во работењето да изгубите клиенти чија доверба сте се помачиле да ја добиете. Фискалните сметки никако не смеат да бидат причина за намалување на продажбата поради губење на постоечки клиенти.
Поврат на ДДВ од фискалните сметки!
Стапувањето во сила на законот за поврат на ддв е уште една силна причина зошто клиентите очекуваат секогаш да добијат фискална сметка. Постојат различни карактери на луѓе. Некои можеби ќе Ви побараат фискална сметка, некои ќе изреагираат бурно, некои нема да изреагираат туку полека ќе престанат да ја посетуваат Вашата продавница. Каков и да е случајот, Ваша обврска е секогаш да издавате фискални сметки. Со тоа ќе покажете дека се грижите за клиентите и сте општествено одговорна компанија. Сиромавиот плаќа два пати! Работете како успешните компании!
Како да реагирате на законските измени?
Промените во законот понекогаш не фаќаат неспремни и ни е потребно подолго време систематски да ги имплементираме. Тука многу е Важно да имате поддршка од Вашиот софтверски партнер. Промената без соодветна софтверска интеграција е мачна работа. Бидете секогаш во чекор со законските измени. На пример, кај рестораните, дали во Вашето софтверско решение веќе е имплементирана најновата измена – забрана за сторно сметка по изминување на 15 мин од издавање на фискалните сметки? Кај продавниците, дали имате решение како да го услужите клиентот доколку сметката надминува 500 евра? Постои решение!
Побарајте бесплатна демо верзија!
Заборавете на стравот од инспекции!
Стравот е најголем непријател на успехот! Колку и да имаме квалитетни вработени и професионалци, сепак факт е дека човековиот фактор секогаш е подложен на грешки. Поставете го системот така за да вработените не можат да прават грешки. Има решение како Вашиот софтвер автоматски да ги пополнува буквално сите документи потребни за државните институции и истовремено да Ве поврзе со истите. Прочитајте тука како повеќе да не се грижите дали инспекцијата ќе Ви тропне на врата!
Како работат искусните малопродажни компании?
Малопродажбата е душата на трговијата. Немојте да создавате од Вашиот бизнис досадна продавница! Според истражувањата најважен сегмент за купувачите е лојалноста. Креирајте беспрекорен систем за попусти и поволности за Вашите лојални купувачи. Инвестирајте во Вашата иднина. Можеме да Ви помогнеме да создадете беспрекорен план за акции и картички за лојалност. Побарајте го Вашиот план тука!
Водете елегантно
Во бизнисот не заработуваат секогаш најмногу оние кои работата најмногу. Немојте да бидете од оние со лоша судбина! Пописи, нивелации, упросечувања… ништо од ваќе не мора да правите рачно. Конечно благодарение на споредбените извештаи, и автоматизмот согласно извештаите за кусок и вишок пописот веќе никогаш нема да биде мачен процес. Промената на цените не мора да биде квантна физика! Сега можете да направите автоматска нивелација со само еден клик. Постои беспрекорен систем за упросечување на набавните цени. Водете елегантно наместо напорно!
Како да ја зголемите продажбата?
Најголемиот пропуст кој го прават малопродажните компании е недостигот на документација и извештаи. Ова е секогаш причината за долгогодишна стагнација на продажбата! Погрешно мислење е дека извештаите се потребни само за големопродажните компании. Како ќе стигнете до целта ако не знаете до каде сте?! Кој е Вашиот златен дијамант?! Кој е најдобриот подавач ова недела?! Ко е најпродаван производ по периоди?! Од кој добавувач е мудро да направите поголема нарачка овој месец?! Кој производ да го ставите на промоција оваа недела?! Започнете да работите на овие извештаи уште денеска! Од Вашата најдобра година досега Ве дели само одлука!
Резервирајте го Вашиот термин за бесплатен консултативен разговор!