Нашата мисија е да ги реализираме потребите на нашите Корисници и да испорачаме решенија кои ги интегрираат тие потреби во нашите софтверски решенија. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.
Затоа, апсолутно можете да се потпрете на фактот дека не сте „само уште еден клиент“. Ќе добиете една од најперсонализираните услуги кои некогаш сте имале прилика да ги добиете и не само заради фактот што тоа е правило на нашата компанија.
Нашата соработка со ЗОНЕЛ Софтвер започна по препорака на компании кои имаат позитивно искуство со Helix. Веќе 10 години го користиме Helix. За овој временски период, софтверот стана незаменлива алатка во секојдневното функционирање на нашата компанија. Сите овие години се доказ за нашето позитивно искуство со Helix.
Како долгогодишен корисник на вашиот програм, морам да истакнам дека сте едни и единствени. Вашиот програм со леснотија го совладуваат корисниците на обуките за сметководство во Космо Иновативен Центар од Скопје и со интерес го бараат да го внесат во работењето во нивните трговски друштва.
М-р. Весна Хриџиќ – тренинг менаџер во Космо Иновативен Центар – Скопје
За Зонел Софтвер дознавме од неколку наши соработници, компании кои долги години го користат софтверот. Сега, кога и ние сме корисниици на Helix софтверот, споделувам позитивни препораки за истиот! Добивме професионален софтвер и професионална поддршка! Helix е едноставен за работа, па лесно го користиме со тимот вработени, а и со учесниците, корисници на обуките за Вовед во сметководство и финансиско сметководство во нашиот едукативен центар
ЗОНЕЛ-Професионален тим со кој секој посакува да работи.
М-р. Виолета Костовска – „САРП ЛТД“ ДООЕЛ – Скопје
Искрено се најдобро функционира. Никогаш немало проблеми со тоа што нѝ треба. Направен е во согласност со сите законски прописи. Презадоволна сум и од Вашата подршка.
„КОРНИ“ – Трговија на големо и мало со плочки и санитарна опрема
Измислен програм што може да го посака секој книговодител. Пред тоа сменивме 3-4 програми а од 1994 година го користиме само HELIX. Извонредна поврзаност на податоци од моментално автоматско книжење до автоматско составување завршни пресметки.
„УНИ-КОНТ“ – Сметководствено биро
Огромна разлика од претходно. Ние имаме најчесто големи фактури со повеќе од 30 ставки. Сега фактурираме повеќе и од 10 пати побрзо. Со само едно копче нѝ се печати испратница и фактура во 2 примероци и веднаш купувачот е задолжен финансиски. Материјалното и финансовото водење нѝ е ажурно во секој момент. Често кога има повеќе луѓе, буквално нема никаков застој, нема чекање.
„С & Т“ – Школски прибор, канцелариски материјал и производство на тетратки
Мојата приказна со Зонел започнува во мај месец 1997 година и од тогаш сум корисник на книговодствениот програм. Имам малопродажба, производство, услуги, материјално, со еден збор сè комплет што нуди програмот. Моите зборови за пофалба се излишни, бидејќи изминативе 15 години директорот Ваш најмногу знае колку сум задоволна, не само што ми оди лесно работата него во овој момент имам бројка од 65 претпријатија кои со леснотија ги работам со овој програм. Кога сум јас задоволна од програмот мојата клиентела е уште позадоволна затоа што сè е прегледно кога ќе побараат било каков извештај и го добивааат во најкус можен рок. А тоа е така затоа што се работи ден за ден и нема застој во работата благодарение на брзината на програмот а и моја. Јас го работам со песна. Е сега имав мал проблем околу пресметките но не од програмот, јас си сработив сè ама погрешно сум запишувала податоци но и тоа се среди благодарение на тимот Ваш на корисничка поддршка. Што повеќе да кажам него да продолжите да работите како досега посветено, упорно и да бидеме со програмот на Зонел чекор напред пред сите други. Поздрав до целокупниот тим на чело со Зоран Настески.
Весна Василевска, „Скарлет арт дооел Скопје“, Сметководствено Биро
Јас сум презадоволна и на сите кажувам дека може да го користат HELIX. Лесно се учи и го препорачувам.
„МА-ГО Компани“ – Сметководствено биро
Имав можност да работам да го користам Helix, програмот е ОДЛИЧЕН !
HELIX програмата ја користиме од 2003 година и со големо задоволство велиме дека немаме никакви проблеми ниту со програмот ниту пак со подршката што ја добиваме од Вашата фирма односно од вработените на кои сме им сме се обратиле.
Доколку ја сумираме нашата повеќегодишна соработка, можеме да кажеме дека сме во целост задоволни од истата.
„АВИСО“ – Трговија и производство на хартија