Деловниот свет е микс од можности и препреки. Можностите сами по себе не носат ништо доколку не реагирате правилно и правовремено. Искористете ги сите можности кои Ви ги носи животот. Успехот е резултат на одлука. Постојат повеќе програми кои можат да бидат отскочна штица за Вашиот бизнис. Имплементацијата на софтвер кој ќе го покрене Вашиот бизнис е есенцијална потреба, особено на почетоците на секоја компанија. Во продолжение прочитајте како да добиете грант за вашиот нов софтвер:

Започнете го Вашиот старт-ап правилно!

Агенцијата за Вработување објави повик со кој сите  невработени лица кои се евидентирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.

Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем.  Повикот од АВСРМ можете да го погледнете тука!

Еден од првите чекори кои треба да ги направи секоја старт-ап компанија е имплементацијата на софтверско решение. Започнете да креирате темелна база на податоци уште од самото основање. Не ги одложувајте најважните инвестиции за некои подобри времиња. Подобрите времиња не доаѓаат сами по себе. Закажете консултативен разговор!

Инјекција за развој на Вашиот бизнис!

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни лица дека во втората половина на месец декември 2019 година се планира да се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од областа на политиките за земјоделство и рурален развој на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2014-2020 година).

ИПАРД 2 (2014–2020) е проектирана на вкупно 106 милиони евра од кои 60 се наменети за кофинансирање инвестиции во земјоделството, прехранбената индустрија и руралната економија, а останатите 56 за изградба на мали системи за наводнување, за изградба на пристапни патишта до обработливите површини и електрификација на полињата. Повеќе за оваа можност можете да прочитате тука!

Софтверско решение кое ќе Ви помогне околу следливоста на производите, откуп на земјоделски производи или пак производство со нормативи е неопходно за правилно функционирање на секоја компанија од преработувачката индустрија. Закажете консултативен разговор тука , дознајте како може да добиете грант за софтвер преку програмите на ИПАРД.

грант

Внесете иновативност!

Фондот за иновации и технолошки развој на 13.12.2019 година објавува Јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој.

Меѓу другото, програмата предвидува и трошоци за набавка, изнајмување и/или изработка на опрема и хали, софтвер, алатки од информатичка технологија и друг вид на основни ИКТ средства, директно поврзани со реализација на проектот за технолошки развој. Одберете иновантен софтвер за брз и стабилен раст на Вашиот бизнис. Повеќе за програмата и повикот можете да прочитате тука!

Мудра инвестиција

Европската Банка за Обнова и Развој преку своите програми им помага на малите и средни бизниси да растат и да станат катализатори на нивните локални економии, а потоа и во нивниот регион.

ЕБРД ги поврзува клиентите со домашни и меѓународни консултанти кои можат да помогнат при развојот на различни видови бизниси. Од најмалите кои се стремат да растат, до оние кои целат кон глобално ниво, мрежата на експерти и консултанти им помага на компаниите да направат чекор напред и да почнат да размислуваат глобално. Преку програмите на ЕБРД имате можност да добиете грант за Вашето ново софтверско решение дури до 50 % од инвестицијата. Повеќе околу програмите на ЕБРД можете да погледнете тука!

Победата се крие во сојузништво!

Сите големи победи низ историјата се креирани преку сојузништво! Одберете стабилен софтверски партнер!

Закажете консултативен разговор!