Откупувачите на земјоделски производи поради специфичноста на својот бизнис и строгите законски прописи често се соочуваат со повеќе пречки кои им го усложнуваат бизнисот. Работата со физички лица може да биде голем проблем доколку немате воспоставено добар систем. Најдовме решение кое значително ќе го олесни Вашиот бизнис. Во продолжение прочитајте која е тајната на успешните откупувачи. Пред Вас е моќно и навистина интелигентно решение за откуп на земјоделски производи!
Каде е маката?
Документацијата на работењето и следливоста на производите, особено кога работиме со физички лица и како сето работење можеме да го поврземе со соодветните финансиски и даночни институции е еден од главните проблеми со кои се соочуваат откупувачите. Многу често компаниите кои откупуваат немаат доволно информации за добавувачите. Следливоста на производите, која ја побаруваат HACCAP и ISO стандардите, е практично невозможна мисија поради оскудните информации при приемот на производите. Веројатно главниот проблем е како целата работа софтверски да се интегрира. Автоматизам кој со неколку клика би ја завршил целата работа е логично решение кое му е потребно на секој откупувач за да може максимално да се посвети на развој на компанијата. Доколку Ви се потребни повеќе информации како најлесно да ги решите сите овие проблеми Ви стоиме на располагање. Закажете состанок!
Едно решение за сите проблеми!
Најдовме решение кое значително ќе го олесни животот на откупувачите. Едно решение за сите Ваши проблеми. Заборавте на времето кога моравте да користете неколку посебни програми и дополнителни ексели за „нормално“ да функционира Вашиот бизнис.
- Креиравме автоматско полнење на ЕПДД системот! Сè со само неколку клика. Плаќањето никогаш не било полесно!
- Навремена информација за доспеаноста на документите.
- Можност да изберете од кој магацин ќе ги повикате калкулациите во валутата која им е доспеана.
- За откупувачите на млеко креиравме специјален модул со сите потребни параметри (квалитет, масленост, бактерии…)
- За откупувачите на тутун специјален модул со сите барања на законот!
- Следливост на производите со ЛОТ броеви. Буквално имате можност да знаете од која нива потекнува секој производ!
- Автоматска поврзаност со сметководственото работење и можност за автоматско книжење.
- Моќни комерцијални извештаи.
- Решение кое ќе внесе нов пристап во продажбата.
- Решение кое значително ќе ја подобри наплатата.
- Производство кое ќе ги елиминира загубите. Заборавете на мистериозното исчезнување на репро-материјалите.
Решение за сите Ваши проблеми! Побарајте бесплатна демо верзија!
За што служат пријателите?
Да најдеш искрен пријател е исто како да си пронашол богатство. Пријателството го дуплира задоволството. Премногу формалниот и ладен однос е она што најмногу го изморува деловниот свет. Приближување на деловниот свет со вредностите кои ги носат искрените пријателства е едена од работите кои ќе Ве инспирираат да не Ви е мака да одите на работа. Внимавајте како ги бирате Вашите деловни партнери. Одберете некој сличен на Вас. Изберете пријател наместо комитент! Закажете бесплатен консултативен разговор!