Економската криза е депресивна состојба поради која згаснуваат голем број компании. Во кризна состојба, дел од компаниите многу често се одлучуваат да го намалат бројот на вработени или пак да го намалат производството или инвестициите кои продуцираат развој. За жал, поради стравот за сопствениот бизнис, во вакви ситуации често носиме премногу претпазливи мерки кои само ја продлабочуваат кризата. Во продолжение прочитајте како можете да ја искористите кризата во Ваша полза. Ова се 5 клучни чекори за надминување на економската криза:

1.Паметно менаџирање со протокот на пари

Протокот на пари е главен извор на енергија на Вашиот бизнис. За да го одржите Вашиот бизнис во добра кондиција при економска криза од есенцијална важност е да обезбедите непречен проток на финансиите. Сè додека постои бизнисот, ќе имате трошоци. Но, факт е дека во кризна состојба потешко може да обезбедиме добар проток на парите. Во такво време, многу е важно да имате добра стратегија. Истражувањата покажуваат дека голем број на компании пропаѓаат бидејќи во кризна ситуација се фокусираат на брз профит. Протокот на пари е многу поважен од брзиот профит и долгорочно може да Ве извади од кризата и да Ви обезбеди стабилен профит и приходи. Финансиските извештаи за нето приходи и добивка се темелна база при поставувањето на правилна стратегија. Можеме да Ви помогнеме да ги обезбедите вистинските извештаи во било кое време. Побарајте бесплатен совет!

2.Искористете ја поддршката од институциите

Мерките кои ги носат државните институции во време на вонредна состојба можат значително да влијаат на Вашиот бизнис и темпото со кое ја надминувате економската криза. Во моментов, во насока на ублажување на очекуваната економска криза предизвикана од ширењето на коронавирусот постојат повеќе мерки кои можете да ги искористите. Иако задолжувањето не е секогаш посакувана опција, сепак поволните кредити со 0 % каматна стапка на годишно ниво можат да бидат огромна инфузија за Вашиот бизнис во една ваква ситуација, без притоа да ја доведете Вашата компанија во поголемо задолжување. Јавниот повик Бр. 1, ПКФ-COVID за поднесување на апликации за директна финансиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд можете да го погледнете тука. Ви стоиме на располагање доколку Ви се потребни повеќе информации за обезбедување на потребната документација, како на пример биланс на состојба и.т.н. Дел од останатите мерки како: Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба, Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало и.т.н можете да ги погледнете тука.

криза

3.Не кревајте раце од наплатата

Наплатата е особено важна во период на економска криза. Продажбата е завршена дури откако ќе се реализира наплатата. Филозофијата на беспомошност и дека ништо не можете да направите во врска со наплатата ја турка Вашата компанија во амбис. Наплатата започнува од првиот контакт со клиентот! Односот кој го градите со клиентите може да замени многу извршители! Не е точно дека сте беспомошни! Доколку правилно софтверски ја менаџирате наплатата можете да влијаете од самата изработка на фактурата и нејзината прегледност, до беспрекорната следливост на доспеаноста и навременото и често алармирање. Креирајте лимит за секој клиент по кој ќе Ве алармира програмот за заостанати долгови. Создадовме специјално за Вас правилник за беспрекорна наплата кој можете да го прочитате тука.

4.Паметно менаџирање со залихата

Штедење во бизнисот не значи чување на парите во сеф. Мерките на штедење треба да ги насочите во насока на правилно менаџирање со ресурсите и залихата. Ова значително ќе Ви помогне во правилно креирање на маркетинг и продажната стратегија, како и во процесот на менаџирање со набавките. Софтверско следење и евидентирање на оптималната залиха, максималната и минималната количина, заедно со извештаите за најпрофитабилни комитенти и производи ќе Ви дадат правилна насока во креирање на најдобра стратегија за штедење во период на економска криза. Тука, многу важно е споредбената анализа од изминатите години, особено состојбата во некои минати кризни ситуации. Софтверот треба да биде многу повеќе од генератор на фактури и систем за водење на лагер листа или финансово книжење. Во ваква ситуација неопходен Ви е софтвер кој ќе биде клучна алатка во креирањето на стратегија за излез од кризната состојба.

5.Храбри одлуки

Кризата не секогаш го одредува успехот на Вашиот бизнис. Понекогаш само една одлука е доволна за го промените курсот на движење на Вашата компанија. Победниците носат правилни и храбри одлуки, токму кога работите не се движат најдобро. Донесете победничка одлука! Среќата ги следи храбрите. Одберете да бидете среќни! Закажете бесплатен консултативен разговор!