Законски измени? Веќе ни е јасно. Сизифовска работа за секој сметководител да му објасни на програмерот какви промени се потребни во софтверот. Чекање со недели и месеци. Нервозни клиенти. Неискнижена плата. Насобрани неискнижени фактури. Спора работа. Неефикасно сметководство. Килава трговија. Очаен бизнис…
И да. Не е до софтверот. Не е до способноста на програмерот и неговите вештини. Има многу одлични софтвери на пазарот. Може да најдете многу софтверски компании со одлични тимови на програмери и корисничка и техничка поддршка… Има компании од кои ќе добиете навистина одлична услуга и одличен софтвер. Но, во најголем дел од случаевите пак ќе мора да чекате за законски измени! Да, ова е реалноста. И ова го знае секој сметководител. Дали има решение? Да! Прочитајте тука, како елегантно може да го решите овој проблем.
Каде е разликата со Helix? Би рекол, различна филозофија! Гледиште од страна на сметководител а не од страна на програмер. Пред повеќе години одлучивме за прв пат во Македонија на законските измени да одговориме систематски. Токму така, систематски. (Погледнете тука на што мислам). Тоа значи имплементирани законски измени во Helix уште пред да ги побарате.
Сакам да се обратам до секој сметководител кој сè уште се мачи со законските измени. Доста е! Заслужувате повеќе! Можеби ова го пишувам со повеќе емоција отколку што е потребно за еден комерцијален текст, но верувам дека заслужувате искрен пристап. Само тоа има потенцијал да изгради стабилна, пријателска и професионална деловна соработка. Можеме да Ви понудите трајно решение за главоболката од законските измени.
И да. Не мора да плаќате цело богатство. Зборувам за софтверско решение кое ќе Ве чини само 549 евра! Решение кое изминативе години го користат убедливо најмногу сметководители во земјава. Закажете консултативен разговор!