Зонел Софтвер континуирано ги развива своите решенија и им додава нови карактеристики со што на корисниците на нашите решенија им отвора нови можности во нивното работење, а една таква можност е Акции во малопродажба.
Во рамките на овој развој е развиен нов модул за Акции во малопродажба. Овој модул на корисниците на HELIX им овозможува на многу едноставен начин да креираат Акции во малопродажба за своите клиенти.
Во самиот модул корисникот на HELIX треба само да ги дефинира влезните параметри на акцијата што сака да ја креира (пример: Вредност на сметка поголема од 1000 денари) и излезните параметри т.е. што е она што корисникот го добива ако е исполнет влезниот параметар (пример: Попуст од 10% на целата сметка, гратис производ,…).
Модулот е многу моќна и едноставна алатка која на нашите корисници им овозможува голем број на комбинации за креирање на Акции за своите клиенти.