Како да создадете тим од вистински професионалци и успешно да ги менаџирате? Времето на строги директори е веќе историја во менаџментот. Водете елегантно! Учествувајте во секоја позитивна промена на Вашите вработени. Бидете главна инспирација во Вашата компанија.

Клучното прашање е како да имате комплетна контрола над вработените без да изигрувате полицаец? Ја откривме тајната. Создадовме револуционерно решение за сите Вистински менаџери и лидери! Од Вашата најуспешна година Ве дели само еден клик! Закажете термин за бесплатна презентација!

Елегантно решение за човечки ресурси

Елегантно менаџирање со човечките ресурси. Евиденција на секој вработен во Вашата компанија, односно менаџирање сите релевантни податоци за вработениот кои на кадровата служба и се неопходни во секојдневното работење.  

Комплетна евиденција за секој вработен за: работна позиција, квалификации, степен на образование, степен на инвалидитет, титули, статус на вработен, посетени курсеви, посетени семинари, наградни и казнени мерки странски јазици… Побарајте повеќе информации!

Дали времето Ви е пријател?

Во каква врска сте со времето во голема мера зависи од тоа дали имате способност да се соочите со бројките и резултатите. Бројките никогаш не лажат. Замислете само колку Вашето претпријатие губи за само еден ден од сите вработени по макар 10 минути каснење. Пример 45 вработени x 10 мин. = 450 мин. = 7,5 х, а тоа е 20,6 дена месечно – онолку колку што работи еден вработен цел месец. На годишно ниво буквално фрлате  12 плати! Сериозна компанија мора да има беспрекорен систем за евиденција на работно време како потпора на резултатите на вработените. Ваква беспрекорна евиденција значително ќе го подобри односот на менаџерите и вработените. Времето може да биде Вашиот најголем пријател. Еве како може да го креирате Вашиот беспрекорен систем!

вработени

Нема веќе нервози при пресметка на платата!

Човек е несигурен кога нема контрола над ситуацијата. Особено за оние работи кои не се во негов домен. Особено за оние работи кои треба да ги завршат неговите партнери или пријатели. Несигурноста создава нервоза! Несигурноста создава страв! Ајде да замислиме дека …

  • За следната законска изменанема да има потреба од телефонски јавувања, нервоза, чекање, празни ветувања од програмерите, доцнење на платата, нервоза помеѓу Вашите вработени.
  • Пресметката на платата за следниот месец може да ја направите со само неколку кликови. Комплетно, за сите вработени!
  • Нема да Ви се крева косата ако за повеќе вработени треба да пресметувате дополнително прекувремена работа, работа на празник, ноќна работа, минат труд, додатоци на плата, боледување, годишен одмор, специјални услови…
  • Со само еден клик може пресметката од Вашиот софтвер автоматски да ја поврзете со МПИН софтверот на УЈП.
  • Комплетно автоматски можете да ја креирате и испечатите годишна даночна пријава за потребите на УЈП.
  • Работните часови може автоматски да ги преземете од Вашиот систем за евиденција на работно време.
  • Нема да губите цел ден во креирање на извештаи за Вашите вработени како список на казнети, нето и бруто примања, отсуства…

Замислите го Вашиот бизнис во своето најдобро светло. Сега имате партнер кој е на иста линија со Вашата визија за успешен и просперитетен бизнис. Инвестирајте во систем на вредности кој ќе Ви овозможи повеќе слободно време за Вашето семејство, пријатели, хоби и сè останато што Ви е навистина важно во животот.  Закажете консултативен разговор!

Едно решение за сите предизвици!

Елегантно решение за менаџирање на човечки ресурси и пресметка на плата. Поврзано со системот за евиденција на работно време. Поврзано со сметководство. Централизиран систем. Еден клик. Едно решение. Едно долгогодишно пријателство. Закажете консултативен разговор!