Вообичаено кога има главен комитент со подкомитенти, фактурите се издаваат на подкомитентите. Затоа ќе видиме пример за фактура кон комитентот со шифра 0007, кој е подкомитент на комитентот 0003.
При креирање на фактурата, веднаш по изборот на комитентот 0007, се пополнуваат и полињата за комитент – носител, како и полето за ценовник со предефинираниот ценовник доделен во шифрарникот на комитенти.
Значењето на врската на подкомитент со главен комитент – носител е повеќезначно, и се однесува на различни комерцијални извештаи, наплати на фактури и следење на салда. Ова подетално ќе биде објаснето во понатамошниот текст.
За корисниците на Helix програмот кој работат со модулот за финансово, овие фактури автоматски се книжат на комитентот – носител, и соодветно на тоа се следат тие финансиски картици.
Доделениот наменски ценовник на комитентот има функција да обезбеди издавање на производи кон комитентот според однапред договорени цени и рабати. Ова значи дека кога во содржината на фактурата се додава артикал кој е наведен во наменскиот ценовник со цена и евентуален рабат, системот ги предлага тие вредности, па дури и доколку на ниво на калкулацијата е доделен поинаков генерален рабат. Сепак ако во фактурата се внесува артикал кој не е содржан во наменскиот ценовник, тогаш системот ќе ја предложи цената од стандардниот ценовник дефиниран во шифрарникот на производи, и евентуалниот рабат од калкулацијата.