Со цел да имаме точна евиденција на продажната цена на производите во продавниците потребно е редовно да правиме ажурирање на продажните цени во малопродажните објекти. Во Хеликс програмата имаме неколку можности за креирање на нивелации, рачна нивелации која самите ја креираме при претходно донесена одлука за промена на продажните цени и автоматски нивелации ( за кои има посебно сетирање) кои се генерираат автоматски при евидентирана промена на продажната цена. Од автоматските нивелации можеме да ги посочиме нивелациите кои се креираат при влезна калкулација во малопродажба, генерирање на преносница од магацин во продавница, автоматска нивелација која се креира од продавница ХХ и се копира во сите останати продавници.
Убаво е да се напомене дека нивелациите се креираат по донесени одлуки за промена на цена и тие прават промена на продажната цена на целата моментална количина која ја имаме на залиха. Се препорачува нивелациите да се креираат на почеток на работното време или на крај, доколку се креира рачна нивелација на средина на работното време потребно е прво да се направи затварање на промет па потоа да се креира нивелација.
Автоматските нивелации, автоматски прават затварање на промет па потоа креираат нивелација.