-
1. Расчистете ги сите Ваши долгови
Долгот прави да се чувствувате лошо во врска со парите и финансиската состојба. Не може човек да почне да штеди, додека не ги расчисти сите долгови од минатото.
-
2. Инвестирајте за да штедите
Добриот проток на пари во Вашата компанија е единствен начин како да имате стабилен бизнис кој константно штеди
-
3. Имплементирајте софтвер за материјално и финансово работење
Квалитетен софтвер ќе Ви помогне секогаш да имате вистинска финансиска слика за Вашата компанија. Ова е добра појдовна точка за штедење.
-
4. Не се откажувајте од наплатата на побарувањата
Со прегледна фактура, навремено потсетување, добра анализа... можете значително да ја подобрите наплатата и да заштедите пари, трошоци за адвокати, време и нерви.
-
5. Анализирајте ги Вашите трошоци
Многу често имаме трошоци за кои ни самите не сме свесни колку долгорочно не чинат. Направете финансиска анализа на сите дневни, месечни и годишни трошоци.
-
6. Ангажирајте практиканти
Одличен начин за регрутација кој ќе Ви помогне како да одберете идеални вработени за Вашиот бизнис, без притоа да го изложите Вашиот бизнис на дополнителни трошоци.
-
7. Плаќајте ги обврските навремено
Со навремена наплата, добивате дополнителен попуст и добра финансиска слика за Вашата компанија.
-
8. Акциски производи
Производите кои се продаваат споро или воопшто не се продаваат можат да бидат голем проблем во Вашиот план за штедење. Акциските производи се најдобар и докажан модел како да се „ослободите“ од непопуларните производи.
-
9. Дигитализирајте го Вашиот бизнис
Како ја зголемувате дигитализацијата во секој сегмент од Вашето работење, така Ви се намалуваат редовните трошоци за хартија, тонери..., но вистинската заштеда со дигитализацијата е заштедата на време, која носи дополнителен приход.
-
10. Инвестирајте во Вашата подобра иднина
Одлучете се на промена за стабилен и просперитетен бизнис.