Helix P2 е решение создадено за новото време и динамичноста на угостителскиот бизнис денес. Со едноставен, брз, визионерски и интуитивен touch екран, кој им овозможува на келнерите и менаџерите вистински да владеат со своите задачи, нарачки, извештаи, планови и соништа.
Програмот Helix P2, има совршено изграден систем со кој, стабилно, ефикасно и брзо можете да водите: влезни и излезни документи, автоматско ажурирање лагер и пописни листи, материјална картица и сè што е законски задолжително: приемни листи (ПЛТ) и трговска книга (ЕТ), автоматско раздолжување преку претходно дефинирани нормативи (рецепти), комерцијална евиденција на промет, фактури, преглед на должници, анализа на промет. Крајно безбеден и под контрола пристап до податоците со специјални поединечни привилегии на секој вработен, максимална прегледност и сигурност во податоците. можност за поврзување со сметководство….
Но, тоа веќе сигурно го знаете. Во моментов Helix, претставува единствено сигурно решение на пазарот, секогаш прилагодено на сите законски нормативи. Во ова упатство повеќе ќе се задржиме во делот на каса, односно модулот за келнери во новиот touch екран на Helix P2.
Програмот има едноставен панел за најава на келнери: