Во многу случаеви вработените имаат чувство дека внесуваат премногу податоци, дека трошат непотребно време и нерви на внесување на непотребни ставки. Вистината е дека всушност не ја разбрале важноста на бројките во бизнисот. Ако вработените разберат дека ефикасен и темелен процес на фактурирање, следење на трошоци, наплата, креирање на финансиски извештаи … долгорочно за нив значи стабилна компанија, подобра плата, подобра позиција… сосема поинаку ќе гледаат на сите сметководствени задачи.
Клучот е да ја подобрите врска помеѓу сметководството, документацијата и Вашите вработени со објаснување на суштината на секој процес од работењето. Како да креирате беспрекорен систем во кој ќе се заљубат Вашите вработени?