Кризата поврзана со Ковид-19 не научи дека најголемиот дел од нашите купопродажни активности можеме да ги завршиме онлајн. И пред кризата, онлајн продажбата изминативе неколку години бележи брз раст, па многу експерти сметаат дека иднината на трговијата е во онлајн продажбата. Затоа, доколку сѐ уште немате направено дигитална стратегија за развој на Вашиот бизнис, можеби ова е најдобро време. Според истражувањата, неколку фактори се најважни за купувачите при избор од каде ќе купуваат онлајн:
- Релевантна понуда каде ќе почувствуваат дека се грижите за нивните потреби
- Прифатливи цени
- Едноставен и сигурен начин на плаќањекаде ќе бидат сигурни за своите пари
- Кампањи и акции со попусти
- Лојална компанија каде ќе се почувствуваат дека се дел од голема заедница
- Специјализирана продавница за одредени производи
- Навремено ажурирање на цените
- Добра комуникација и навремена информација за сите промени
- Брза и ефикасна испорака
Од технички аспект при интегрирањето на онлајн продавницата, многу е Важно да имате беспрекорна врска со материјалното работење и поврзување со останатите физички магацини и продавници. И сето тоа да биде поврзано со финансовото работење, како не би направиле хаос во целокупното работење на компанијата. Повеќе информации околу софтверска интеграција на работењето можете да побарате тука.