Зошто е важна интеграцијата на Вашето ЕРП-решение со платформата за E-трговија? Неодамнешната пандемија го трансформираше светот во секој аспект. Бизнисите не се исклучок и нивната динамика целосно е изменета. Работата од далечина и купувањето преку интернет е новото нормално. Следствено, се повеќе организации имплементираат решенија за Е-трговија. Феноменалните придобивки, карактеристиките и практичноста на онлајн продавниците им помагаат на бизнисите да придобијат повеќе клиенти и да се прошират надвор од постојните географските граници. Ова не е краткотрајна реалност. Бизнисите кои не го следат трендот, ќе исчезнат порано или подоцна.
Но, вистинскиот предизвик со кој се соочуваат бизнисите во моментов е тоа како ефикасно да управуваат со нивното присуство на интернет. Веб продавницата бара постојано следење и ажурирања што осигурува дека на клиентите им се презентираат вистинските производи и вистинските цени, а исто така осигурува дека компанијата може да го испорача она што го бара клиентот. Со други зборови, елиминирајте ги нарачките на производи без залиха. Исто така, се зголемуваат очекувањата на клиентите за брза обработка и испорака на нарачките, според стандардите поставени од компании како Amazon и други слични компании.
За да се исполнат овие барања за ефикасно управување со системот за Е-трговија, најдобрата алатка достапна за организациите е нивниот постојан ERP-систем. Бидејќи информациите за артиклите, вклучувајќи ги цените и нивоата на залихи постојано се ажурираат во ERP-системот, а нарачките обично се извршуваат од ERP-системот. ERP-системот е најдобра алатка за беспрекорно управување со Веб продавницата со минимална човечка интеракција.