Почитувани дами и господа,

Ни претставува голема чест да Ве поканиме на нов одличен вебинар. Овој настан е супер прилика да добиете квалитетни информации и практични совети кои ќе Ви помогнат како да интегрирате систем за онлајн продажба.

Онлајн продажбата е иднината во трговијата. Денес скоро и да е незамисливо да функционирате во деловниот свет без да го користите интернетот како канал за продажба.

На настанот ќе зборуваме за основните чекори за воведување на Е-Трговија, начини на плаќање, регулаторна рамка, начини и предности на продажба и маркетинг, B2B vs B2C, поврзување со ERP систем… и уште многу важни теми за правилна имплементација на систем за Е-Трговија.

Имаме одлични говорници со големо искуство на темата – Гоце Џуровски и Марјан Анѓеловски.

Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 25 години искуство во координација на разни проекти. Има учествувано во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитална трансформација на бизнис секторот.

Марјан Анѓеловски е маркетинг и продажен специјалист со искуство во повеќе компании. Како тим лидер има учествувано во развојот на голем број стратегии за продажба и маркетинг. Негова специјалност е контент маркетинг и директна продажба. Автор е на 6 книги, 3 театарски претстави и е сценарист во неколку тв емисии. Неговите креативни идеи нудат нова естетика и енергија во маркетингот и продажбата.

Настанот ќе се одржи во среда, 16.03.2022, со почеток од 19:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме . Резервирајте го Вашето место. Регистрирајте се.

А Г Е Н Д А

19:00 – 19:20

Основни чекори за воведување Е-Трговија

19:20 – 19:40

Предности на Е-Трговија и продажни техники

19:40 – 20:00

Интеграција на Е-Трговија со ЕРП систем

20:00 – 20:20

Завршна дискусија

Ве очекуваме на овој одличен едукативен настан!

Срдечен поздрав,

Тимот на ZONEL Software