Сигурноста на Вашиот бизнис е мотив за наша посветена работа на имплементација на сите законски измени. Helix останува единствена гаранција на пазарот дека во секое време ќе работите согласно сите законски нормативи. Нема грижи, нема страв од инспекции. Нова законска измена имплементирана во HELIX:
Законска 108: Ограничување на времетраењето на акции (30 денови) и промоции (8 денови) во малопродажба
Оваа законска измена е врз основа измените на Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник број: 236/2022).
Со овој закон се ограничува времетраењето на акциите и промоциите во малопродажба:
- Акциската продажба (акција), како посебен облик на ставање во промет на ограничен број стоки или услуги, во однос на сите стоки или услуги што ги нуди трговецот, се спроведува во рок на траење не подолг од 30 дена.
- Промотивната продажба (промоција), како посебен облик на ставање во промет на ограничен број нови стоки или услуги, во однос на сите постојни стоки или услуги што ги нуди трговецот се спроведува во рок на траење не подолг од осум дена.
Во HELIX оваа законска измена се имплементира во Малопродажба -> Калкулации. При креирање на Документ од тип Нивелација ако се одбере дека нивелацијата се прави поради Акција или Промоција, системот не дозволува да се внесе краен датум постар од 30 дена или 8 дена соодветно, за период за важење на нивелацијата.
Дополнително изработен е филтер со кој можете да ги филтрирате нивелациите кои се поврзани со акции или промоции и чија важност истекува за одреден период.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.