Модулот човечки ресурси е дополнителен модул на модулот за пресметка на личен доход.

Во овој дел од упатството за користење на Модулот – човечки ресурси ќе биде опфатено;

  • Пополнување на шифрарници;
  • Евиденција на вработени преку Матични податоци на вработените;

Има поголем број на шифрарници за потребното евидентирање на податоци за вработените. Истите може да се најдат од менито Плата – Човечки ресурси – Шифрарници.  

Во продолжение ќе објасниме дел од шифрарниците како се пополнуваат и како истите се поврзуваат со Матични податоци на вработените.

1.Работни места.

Во шифрарник на работни места, се дефинираат работните места. Во полето шифра се пополнува редоследно шифрата под која ќе биде заведено работното место.  Во делот за опис го внесуваме работно место и забелешка – слободно поле доколку имате некоја забелешка за работното место.

2.Наградни, односно казнени мерки.

Се пополнува на истиот начин, како и работните места.

3.Семинари

Во делот за семинари, има опција за избор на период на времетраење на истиот.

При внесување, односно пополнување на шифрарници ќе забележите дека сите шифрарници се внесуваат на исти начин, во зависност од тоа како самата фирма работи.

Сите тие се од евидентна природа, не се прави никаква автоматика во пресметката на плата.

Евиденција за вработени преку матични податоци на вработените

Евиденцијата на податоците се води преку Матични податоци на вработените.

Прво што треба да направите, во Матични податоци на вработените да ги внесете сите вработени.

Евиденцијата на вработените се внесува во  Плата – Матични податоци на вработените  преку копчето Евиденција за вработен.

Работни места

Со кликање на опцијата *Внеси Нова Евиденција, ги внесуваме првичните податоци.

-Работно место – го внесуваме работно место, кое што претходно е дефинирано во шифрарник на човечки ресурси.

-Доколку фирмата работи со Организациони единици, можете да ја ставите и организационата единица.

-Број на договор – пожелно е да се стави бројот на договор,

-Бруто/нето плата, доколку имате договорена плата ја внесувате, но истата може да се внесе и по креирање на месецот.

-Битни се датумите на почеток и крај на работата и истите треба да бидат пополнети. Имаме опција за пријава/одјава која кажува дали овој датум на почеток на работа значи пријава или пак станува збор за промена на договор поради продолжување.

Доколку сетираме-да, тоа значи дека вработувањето е со тој договор.

Ако пријавата или одјавата се во месецот за кој се изработува платата, тогаш тие сетирања му кажуваат на системот дали да генерира запис за пријава, односно одјава или само да си ги повлече вработените.

Наградни мерки

Дефинирана ставка – ја бираме дефинирана ставка која што претходно е дефинирана;

-Вид на награда – бираме тип на награда, која што претходно е дефинирана во Шифрарник на човечки ресурси и;

-Износ на награда

-Имаме чекбокс да штиклираме дали наградата, односно износот влијае на платата или не;

-Датум на наградата, конкретен датум за кој се однесува наградата.

Кредити/задршки

-Дефинирана ставка – ја бираме дефинирана ставка која што претходно е дефинирана.

-Износ на кредит- Се внесува целиот износ на кредитот, без разлика дали истиот е веќе во започната фаза.

-Вид и износ на задршката, односно Тип на задршка само избираме дали да биде со *Апсолутен износ или *Процент од нето платата.

-Датум од/до – период за задршките за плата.

-Приоритет – се користи доколку вработениот има повеќе кредити и истото е наменето да се даде приоритет на зададениот кредит доколку се надмине 1/3 од платата.

Годишен одмор

-Дефинирана ставка – ја бираме претходно дефинираната ставка за годишен одмор. Истата ја креираме во дефинирани ставки

При дефинирање на ставката треба да биде пополнето;

-Шифра-произволна шифра

-Опис-слободен опис

-Тип на дефинирана ставка – *одмор

-Тип на одмор – *Годишен одмор

Кога веќе ја имаме креирано Дефинираната ставка, истата можеме да ја доделиме во Евиденција на вработен.

Најпрвин треба да внесеме Вид на евиденција  односно да избереме дека  се работи за додавање на денови од годишен одмор т.е  избираме *Додади денови. Датумот на почетокот ќе ни биде почетен датум од тековната година, односно 01/01/2023год.

Кога веќе ги имаме додадено деновите за Годишниот одмор, трошењето на годишниот одмор може да се евидентира преку – *Дел од годишен одмор. (Како сликата погоре.)

-Ја бираме Дефинираната ставка, која што претходно ни е внесена во *Дефинирани ставки.

Во датум почеток и датум краен, го внесуваме датумот од кога до кога вработениот ќе биде на одмор, а деновите автоматски се преместуваат.

Од сликата исто така може да видите дека има опција за;

-Потврда за неискористен одмор и;

-Решение за годишен одмор

Боледување

На истиот начин како и другите Евиденции се внесува боледувањето.

-Преку Матични податоци на вработените – Евиденција на вработен.

Ја избираме дефинирата ставка, и го внесуваме почетниот и крајниот датум, од кога до кога вработениот бил на боледување.

Пресметка на плата

Од кога ќе ги пополниме сите податоци за вработените, генерираме нов месец.

Ги внесувате основните генералии во месецот, и тоа што е најбитно, односно за автоматска пресметка на плата ја избираме опцијата *Префрли податоци од ЧР.

Во пресметката се повлекуваат сите податоци кои ги имаме внесено во Евиденција на вработени, но може да забележите дека кредитот не е искажан, односно прикажан во пресметката.

Од кога ќе ги префрлите податоците од Човечки ресурси, не може програмот веднаш да ги креира кредитите, затоа што е потребна проверка на системот, што мора најпрво да ја направи пресметката па да се повикаат кредитите, согласно приоритетот кој што го имаме зададено.

Има еден дополнителен чекор кој што мора да се помине, тоа е кликање на опцијата *Кредити по решенија.

Па активирање на опцијата *Кредити по решенија, месецот автоматски се заклучува. Доколку сакате да направите било каква промена во месецот, односно кај вработените потребно е најпрво да го отклучите месецот, па да направите *Поништи Кредити по решенија.

Сите претходно внесени податоци во Евиденција на вработен, автоматски се пополнуваат во Пресметката на плата.