Како општествено одговорна компанија, овозможуваме поддршка и помош за основните и средните училишта, факултетите и останатите образовни институции или приватни едукативни центри. Бидејќи образованието е фундамент за успешна економија, добра бизнис клима и развој на државата, насочени сме кон силна поддршка во образованието.
Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие.
Нашата програма за поддршка на образовните институции овозможува донација на софтверски систем за материјално, финансово, малопродажно, ресторанско и хотелско работење, во зависност од потребите на образовната институција. Покрај бесплатниот софтверски систем, образовните институции од наша страна добиваат и целосна корисничка и техничка поддршка, консултации, обуки, отстранување на проблеми, како и имплементација на законски измени и надградби на најнова верзија на софтверскиот систем.