ЗОНЕЛ Софтвер постојано ги следи законските измени и веднаш ги имплементира во HELIX, овозможувајќи ви сигурност и усогласеност без дополнителен ангажман. Со нашиот софтвер, секоја нова регулатива станува предност – работете без грижи, знаејќи дека сте секогаш во чекор со законските барања.
Согласно новите одлуки на Владата на РС Македонија ја имплементиравме следната законска измена:
Законска 123:Ограничување на бруто профитните маржи и определување на највисоките цени на производи во трговија на големо и мало за период од 20.02.2025 до 30.04.2025
Оваа законска измена се заснова на ДВЕ одлуки кои ги донесе Владата на Македонија со кои се регулираат цените во трговијата на големи и трговијата на мало преку утврдување на:
- највисоки цени и
- највисоки бруто профитни маржи.
Одлуките се објавени во ДВА последователни „Службени весници“ (37 и 38), под ист датум: 19 февруари 2025 година:
- Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало – „Службен весник“, бр. 37/25 од 19.2.2025 година и
- Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед – „Службен весник“, бр. 38/25 од 19.2.2025 година.
Период на примена на Одлуките: Одлуките ќе се применуваaт од 20 февруари 2025 година до 30 април 2025 година.
Во HELIX воведено е ново сетирање во Шифрарник на производи со кое се овозможува да се чекира производот дека спаѓа во оваа група на производи:
После вака поставеното сетирање во програмата ќе добивате порака за производи кои се продаваат со повисока маржа од максимално одредената согласно одлуката на Владата.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.