1. Што е паричен тек (Cash Flow) и зошто е клучен за бизнисот?

Cash Flow или паричен тек претставува движење на парите во и надвор од вашата компанија. Тој го покажува приливот (приходи од продажба, наплата на побарувања, инвестиции) и одливот (трошоци, плати, набавки, кредити) на средства. Без правилно следење на паричниот тек, дури и профитабилна компанија може да се најде во финансиски проблеми.

2. Предности од следење на паричниот тек во реално време

  • Подобра ликвидност: Ги следите моменталните расположливи средства и избегнувате ненадејни финансиски кризи.
  • Навремена реакција: Брзо идентификувате потенцијални проблеми со недостиг на средства и преземате соодветни мерки.
  • Подобро планирање: Добијте прецизни прогнози за идните приливи и одливи, што овозможува оптимално носење на одлуки.
  • Контрола на трошоците: Јасен увид во непланираните трошоци и можност за нивно оптимизирање.
  • Лесно управување со обврски: Ги следите датумите за плаќања и наплата за да избегнете доцнења или камати.

3. Како HELIX Ви го овозможува следењето на паричниот тек во реално време?

HELIX ефикасно го автоматизира и систематизира управувањето со финансискиот тек преку:
Автоматско евидентирање на приливи и одливи – секоја трансакција веднаш се прикажува во системот.
Специјален Cash Flow извештај во Креатор Плус – динамичен извештај кој овозможува детална анализа на сите приливи и одливи, а истиот е интегриран со Power BI за напредна визуелизација и подлабоки финансиски анализи.
Автоматско книжење од извод на банка – наместо рачно внесување, системот автоматски ги книжи приливите од изводите, што го намалува ризикот од грешки и заштедува време.
Динамички финансиски анализи – анализирајте како промените во приходите и трошоците влијаат врз бизнисот.

Следењето на паричниот тек во реално време е критично за финансиското здравје на вашата компанија. Со HELIX добивате напредна контрола, автоматизација и увид во секој финансиски аспект од Вашето деловно работење – овозможувајќи Ви да управувате паметно и проактивно, наместо ретроактивно.

Не дозволувајте финансиските проблеми да ве изненадат!

Контактирајте нè и дознајте како HELIX може да ви помогне да го подобрите Вашиот Cash Flow.

Закажи бесплатна презентација