Тимот на ЗОНЕЛ Софтвер постојано ги следи законските измени и навремено ги имплементира во HELIX, со цел да им овозможи на корисниците усогласена и ефикасна работа. Во согласност со најновите измени, во HELIX е интегрирана поддршка за поднесување на МПИН пресметките преку системот е-Даночни услуги, овозможувајќи лесна подготовка и прикачување на XML фајлови согласно барањата на УЈП.
Законска 124 (11.03.2025):XML фајл за поднесување на МПИН пресметки преку системот е-Даночни услуги – 06.03.2025
Оваа законска измена е во согласност со процесот кој го спроведува УЈП за мигрирање од тековниот начин на изготвување и поднесување МПИН пресметките кон новиот начин – преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg, кој ќе придонесе за олеснување на постапката на поднесување на МПИН пресметките и ќе влијае на зголемување на даночната усогласеност на обврзниците и подобрување на даночните услуги.
Потсетуваме дека за да може да се користи МПИН модулот преку системот е-Даночни услуги, потребно е претходно во системот да имате овластување за изготвување на МПИН пресметки доделено од страна на правното лице – Исплатувач на доходот.
Во HELIX во Фирми-> Плата->Пресметка на плата во менито Подготовка за МПИН ќе можете да го најдете подменито XML за Е-ПДД со соодветните опции за креирање на XML фајл за МПИН за прикачување на системот е-Даночни услуги.
Во рамки на истата законска надградба, продолжуваме со прилагодувања соодветно на упатствата и промените на системот од страна на институциите.
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.