Нова законска измена? Без грижи! Веќе е имплементирана во Helix. За Вас! За Вашиот Helix да функционира најдобро и во согласност со сите нови и стари закони!
Објавена е следната законскиа измена:
Законска 125 (13.03.2025): Ф-1, Нов задолжителен образец за исплата на плати кај буџетските корисници и единките корисници
Оваа законска измена се однесува на Буџетските корисници од централната власт и единките корисници кои се должни два дена пред исплатата на плати до Министерството за финансии да достават барање за одобрување на средства за плати кон кое ќе гo приложат образецот Ф – 1 за бројот на вработените по име и презиме, плата како и други податоци предвидени во образецот во пишана и електронска форма за односниот месец за кој се однесува исплатата.
Формата и содржината на образецот Ф – 1 ја пропиша министерот за финансии со Правилник за формата и содржината на Образецот Ф-1 објавен во „Службен весник“, бр. 51/25 од 6 март 2025 година.
Во HELIX во Фирми -> Плата -> Пресметка на плата во менито Извештај се наоѓа опцијата Преглед на евиденција на вработени (Ф1) од каде се повикува новиот образец Ф1:
За повеќе детали околу оваа Законска измена имплементирана во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате на следниов линк: Законски верзии.