Детали за особините вградени во новата 7.20 верзија на HELIX пакетот:

Општо
  • Воведена нова можност за Споредбена анализа од материјална и финансова евиденција за паралелно следење на салдата на залиха на артиклите по магацини, даночни тарифи и видови на артикли.
Финансово работење
  • Во финансово – печатење, при креирање на одобрение за девизно книжење одобрението се креира на  англиски јазик и износите се во девизи
  • Додадена можност за повик на збирен Бруто биланс за повеќе избрани  организациони единици. Избраните организациони единици треба да бидат наведени одвоени со запирка, при избор на влезни  параметри на Бруто билансот.
  • Воведена е можност при импорт на банкарски извод програмот да ја чита претходно внесената шифра и записот на книжење наместо на конто 1200/2200 да  се направи на контото за кое е запишана оваа шифра.
Услуги
  • Зголемен е бројот на карактери од 50 на 120  на полињата за  дополнителни податоци во  излезна услужна фактура
Шифрарници
  • При отварање на нов бренд во шифрарникот на производи воведен е бројчаник со чија помош брендовите  добиваат соодветна шифра редоследно
  • Отворен ново поле во шифрарник на производи – производи од животинско потекло. При печатење на комерцијален извештај за производи од животинско потекло се земаат во предвид само овие производи.
  • Полето за опис на магацин е проширено на 30 карактери
  • Полето за опис на терк е зголемено за 10 карактери
  • Во шифрарник на комитенти воведена е опција за трета жиро сметка
  • Воведено ново поле во шифрарник на контен план за внес на шифра од банката.
Малопродажба
  • Воведен е систем за автоматско полнење на нарачки врз основа на продадените производи за кои има дефинирано добавувач. Нарачките се креираат спрема соодветниот добавувач. Опцијата се повикува од Преглед на малопродажни калкулации-Содржина-Специјални опции-Креирај порачки по добавувачи
Материјално
  • Воведена е опција за праќање на фактура по мејл од HELIX. Со оваа опција се овозможува автоматско  праќање на мејл со однапред дефинирана содржина и прилог фактура во PDF до e-mail адресата од комитентот која е внесена во шифрарник на комитенти.
  • Воведена е опција за креирање на дупликат (копија) од  излезна калкулација. Опцијата се повикува од Преглед на излезни калкулации во Материјално – Специјални опции – Копирање на калкулација во нова калкулација
  • Додадена е опција за доделување рабат само на селектирани производи во содржина на калкулација од Материјално–> излез.
  • Воведена е можност за избор на креирање на фактури согласно член 32а од Законот за ДДВ
  • Додадена е нова колона во гридот каде што се прикажани сите излезни калкулации со информација дали е испечатена фискална или не за соодветната калкулација.
  • Во Материјално->Влез->Набавени производи (Ф6)->Анализа е додадена можност за избор на тип на извештај – разложено по производи и групно по калкулации.
  • Проширување на модулот за работа со отпад – годишен и месечен извештај за постапување со отпад на кој правните и физичките лица се одделно распоредени
  • Воведена е можност при изготвување на документ резервација од материјално–> излез да може да се печати документ со назив резервација
  • Додадена нова опција за креирање на фактура (материјално – излез) од резервација
  • Воведена е опција за печатење на фактура и испратница со сортирани шифри од најмала до најголема.
Каса
  • Воведена е можност во каса за работа со паралелни сметки. Опцијата овозможува работа со максимум 5 паралелни сметки.
  • Овозможено пребарување на производи по основна шифра.
  • Додаден преглед со ЦХ гридови во Ф3-промет по производи во ресторанско
  • Проширување на извештајот Промет – парагони Ф2 од каса при избор на опцијата Само рабат да се прикажуваат податоци и за вкупниот рабат по тарифи како и вкупен износ на рабатот
  • Воведена е можност за пренос на маса од еден на друг келнер (на крај на смена) кога е поставена забрана за работа на маса на друг келнер.
Основни средства
  • Воведени логови во основни средства (нов/промена/бришење) и на сите соодветни копчиња (пресметки/ расходувања/ автоматски книжења…)
Плата
  • Воведени логови во плата за нов месец (нов/промена/бришење на месец)
  • Редизајн на урнек од ППД-ГИ – Поставено е ново поле над копчето за печатење за внес на датум на печатење, по дифолт полето е празно и доколку остане празно ке се печати линијата за Датум, доколку се внесе датум  ќе се испише автоматски .
  • Во договор на дело -> пресметка ->  овозможено е да биде видлива колоната за деловоден број
Мобилни уреди
  • При креирање излезна калкулација од мобилните уреди при внес на нова ставка за внес на производ воведено е ново поле во кое  се прикажува количината на лагер за тој производ
Кориснички привилегии
  • Направена е нова корисничка привилегија –  Забрана за Креатор на извештаи