Детали за особините вградени во новата 7.30 верзија на HELIX пакетот:
Општо
|
- Додадена е можност за праќање на други документи: Профактури и Понуди преку e-mail директно од HELIX
- Додадена е нова можност во Toolbox за меморирање на димензии и позиција на самата форма за поставување за нејзино следно отворање.
- Дополнително Toolbox-от е имплементиран во следните форми:
- Финансово – Аналитика – Избор на конто
- Избор на комитент (за аналитичко конто)
- Приказ на аналитичка картица
- ИОС
- Бруто биланс
- Финансово -> Преглед на налози- Содржина на налог – Нова ставка во налог
|
Финансово работење |
- Додадена е опција сите конта кои се дефинирани како аналитички по коминтент ДА – да се прикажуваат по ставки, со коминтент а останатите конта да се прикажуваат збирно. Опцијата се наоѓа во Налог-> Печатење-> Аналитички со комитент /неаналитички сумарно.
- Воведена е можност преку бруто биланс да се отвара аналитика, без да има потреба да се излегува од бруто билансот.
- Изработен нов извештај за доспеани документи, коминтентот има можност да избере дали извештајот ќе се прикажува по датум на валута или датум на документ
- Во финансово -> извештаи -> доспеани документи додаден е филтер за датум од-до. Се користи за вадење на месечни извештаи и со одбирање на конто да се прикажат сите документи за тоа конто кои влегуваат во тој филтер
- Додадена можност за експорт во ексел на комплетна аналитика од бруто биланс, за период од бруто билансот, и за конто на кое е позициониран покажувачот во бруто билансот.
|
Ресторанско работење
|
- Додадено е ново поле во парагони, опис на маса. При отворање на нова маса се отвора можност за внес на опис на масата.
|
Шифрарници
|
- Воведена нова опција за забрана на групи на производи за одредени продавници. Опцијата се наоѓа во Шифраник на производи->особини->Забрана на групи по Продавници, во зависност на избрана продавница се дефинираат кои групи да не се прикажуваат во избраната продавница.
- Додадена е можност за доделување на рабат на определен бренд и/или група на производи за определен период.
- Додадена е опција за промена на статус на производи дали работат со сериски броеви или не. Опцијата е достапна во Шифрарник на Производи->Специјални Опции->Промена на статус сериски броеви за селектирани производи
- Во Шифрарник на производи, додадени се нови опции за додавање на Атрибути -> Параметарски групи и Атрибути -> Параметри. Параметри: додавање параметри и вредности за параметрите. Параметарски групи: додавање параметарски групи и доделување на параметри и вредности на параметарските групи
|
Малопродажба
|
- Креиран е нов извештај по продавници за период за производи за кои е креирана нивелација во истиот период. Извештајот ја содржи старата и нова цена за секој од производите, продавницата и периодот. Извештајот се наоѓа во Комерцијални извештаи во малопродажба
|
Материјално |
- Во Материјално влез/излез додадено копче “Парам. групи”. За секоја ставка од калкулацијата се доделуваат вредности за параметрите кои се веќе избрани за параметарската група која е доделена на производот
- Во извештајот материјално-> излез->Промет по производи->Издадени производи додаден е податок за набавни цени со ддв, набавна цена без ддв, продажни цени со ддв, продажна цена без ддв, маржа и ДДВ процент.
- Креирана е опција за автоматско генерирање на преносници од магацин во продавница за зададен период, со вкупната количина на продадени артикли од соодветната продавница.
- Додадена е опција за лагер листа групирана по параметар со можност и за филтрирање по избраниот параметар. Оваа опција се повикува од Материјално-Други прегледи-Лагер листа по параметри. Корисниците имаат можност за избор на магацин, период, параметар, вредност на параметар како и параметарска група на која припаѓа производот. Се прикажуваат податоци за количина од влез, излез и залиха на тој производ (со одредени параметри) за избраниот магацин.
- Додадена е опција за преглед на количини на лагер, по параметар од излезна калкулација. Опцијата се повикува со копче “Присутна количина” во формата за внес на параметарски групи од Материјално-Излез-Содржина на излезна калкулација.
|
Каса |
- Во извештајот Промет – парагони Ф2 од каса при избор на опцијата Само рабат додадени се дополнителни колони за да се прикажуваат податоци и за вкупниот рабат по тарифи како и вкупен износ на рабатот .
|
Станбено работење
|
- Додадена е можност за известување на надминат број на ненаплатени фактури при масовно фактурирање во станбено работење
|
·