Детали за особините вградени во новата 9.00 верзија на HELIX пакетот:

Фирма
  • Опција за повеќе независни контни планови. На ниво на фирма, додадена е опција за избор на контен план кој ќе го користи фирмата
Финансово работење

  • Додадена опција при импорт на ставки од банкарски извод во налог за книжење доколку не се најде соодветна содржина на фактура, да затвара фактурите по старост
  • Во финансово – бруто биланс  се воведе ново копче за  Структурно печатење  по старо за сите извештаи, со колони за должи и побарува во Почетна состојба и во Салдо
  • Додадена можност за селекција на ставки во финансов налог
  • Во финансово сервис – во сервис 1 додадена е опцијата да  дава и книжења и по датум на документ.
  • Додадена опција за масовно затворање на дифолтно избрано конто за купувач и добавувач.
  • Додадена е  нова опција за експорт/импорт на Финансово во опцијата за пренос на податоци помеѓу различни бази.
  • Направена опција за избор на начин на затворање на книжења на конта 220+, со избор на фактури (како и досега) или автоматски – по старост.
  • Направена нова опција во Финансово> Аналитика> Спецификација со досп. износ без затварање по ИОС, доспеаниот износ во спецификација да се прикажува како салдо без доспеаните фактури.
  • Во финансово -> бруто биланс е додадено поле за означување “Без колона Само за тековна година” под копчето Печатење Ф2. Доколку се чекира полето и се кликне на Печатење Ф2 тогаш ќе се испечати бруто биланс без колоната само за тековна година. Додека пак полето не е означено се печати бруто биланс со колона за тековна година.
  • Во бруто биланс со активирано поле  “Без колона Само за тековна година” се прилагодени печатењата на структурно печатење, заклучен лист и останатите извештаи кои го користат урнекот од стандардното печатење на бруто биланс.
Материјално
  • Додадена е опција за печатење баркодови од излезна калкулација.
  • Поставена е забрана за промена на ДДВ тарифа на производи во излезна калкулација.
  • Додадени се повеќе колони за податоци при импорт на денаски и увозни калкулации
  • Печатење одобрение при креирање повратница
  • Проширување на потврдата за откуп на земјоделски производи
  • Приказ на дополнително име на комитент во печатење на фактура
  • Забранета промена на калкулација во случај на заклучен финансов налог
  • На печатење извозна фактура, додадени се полиња за вкупна цена без рабат и износ на рабат
  • Експорт на Excel образец за Министраство за Земјоделство со список на лозари и вкупна количина по сорти
  • При печатење на лагер листа по сериски броеви – можност за печатење на само оние производи, кои имаат сериски броеви
  • Масовно праќање на профактури преку Mailer системот
  • Печатење налепници од шифрарник на производи и од влезна калкулација
  • Забранета е промена на ддв тарифа при внес на производ во излезна калкулација
Производство
  • Додадена е опција за користење на репроматеријали од различни магацини
Шифрарници
  • Ново поле за забрана на рабат во каса
  • Додадена е нова опција во шифрарник -> контен план -> специјални опции -> Шифрарник на контни планови.
Малопродажба
  • Додадена е можност за печатење на извештајот за промена на цени од (малопродажба -> каса -> прегледи)
  • Направено е промена во ЕТ книгата во малопродажба набавните и продажните износи да бидат заокружени.
  • Додадена е опција за креирање на нивелација за одредена група на производи со одреден процент на маржа од последната набавна цена.
Каса
  • Поставен нов опција за Забрана за рабат во каса. За тој производ во каса не може да се додели рабат, без разлика дали е тоа поединечен рабат, групен рабат, или генерален рабат од комитент.
  • Во промет по сметки од каса, додадена колона за време на печатење на фискалната сметка.
Сетирања
  • Направено ново сетирање во материјално – содржина на излезна калкулација за планска набавна цена. Кога истото е сетирано, финалните производи во материјално добиваат планска набавна цена од шифрарникот на производи.
  • Направено ново сетирање за Затварање на промет за работа 24/7 кое се наоѓа во Систем сетирања>Каса> Фискална и промет.
  • Направено е ново сетирање видливо во Финансово> Аналитика> Спецификација со досп. износ без затварање по ИОС. Со вклучено сетирање доспеаниот износ во спецификација се прикажува како салдо без доспеаните фактури.
  • Изработено дополнително сетирање  за автоматско затворање по старост на фактури при масовно затворање (120+, 220+) при импорт на извод
Хотелско работење
  • Поставен филтер за позиции на соби во планерот за работа на рецепција.

Станбено работење
  • Овозможена е опција за внес на количина за резервен фонд при доделување на услуги во шифрарник на коминтенти.
HELIX Mobile
  • Овозможена забрана за работење со негативна количина.
Плата
  • Направена е автоматска пресметка на просечен број на вработени и приказ во соодветни полиња при повикување на завршна пресметка, односно биланс на успех и државна евиденција.
  • При повикување на динамички извештај од плата со дефинирана ставка, направена опција за избор дали истиот да ги прикажува само вработените кои имаат износ (или часови) во избраната ставка или да се прикажат сите вработени со соодветните износи.
ZONEL Scan
  • Креирање малопродажни приемници преку скенирање или конверзија од pdf формат.
  • Креирање увозни приемни калкулации преку скенирање или конверзија од pdf формат.
Креатор ПЛУС
  • Подобрување на дизајнот, поголема флексибилност при креирање филтри, посебно за споредбени извештаи од повеќе минати години.
  • Подобрување на функционалноста во делот ка корисничко креирање на формули за произволни колони.
Нови модули (со доплата):
  • Модул за корисничко креирање документи, на две нивоа, со потполно слободен избор на податочни полиња и нивен распоред на визуелниот интерфејс
  • Комлетно технолошки редизајниран e-Commerce преку Wordpres додатоци за online трговија и автоматизирана синхронизација со HELIX Системот, при внес и ажурирање на производи и преземање на online креирани нарачки.
  • Комплетно автоматски вграден дигитален потпис на снимени фактури во pdf формат, со сертификат издаден од Телеком и од КИБС