1.Среќни келнери значи среќни и задоволни гости
Сите сме биле во ресторани каде келнерите во трката со времето да ги услужат навреме сите гости имаат изморен и скиснат израз на лицето. Набргу таа енергија се проширува и меѓу гостите и се создава напната атмосфера како во породилно. Како да ги направите Вашите келнери посреќни а во исто време да ја забрзате и услугата? Едно е сигурно: Доколку се натпреварувате со времето сигурно ќе бидете поразени! Затоа работете мудро а не напорно. Доколку постои решение кое ќе Ви помогне да го направите Вашиот ресторан место за вистинско уживање на Вашите гости дали би биле заинтересирани? Дознајте како работат елитните ресторани. Закажете бесплатно советување!
2.Секогаш имајте уредни и навремено ажурирани менија
Колку пати ни се случило поради тоа што не се ажурирани менијата да порачаме јадење кое не е повеќе на листата? Дали Ви делува по малку разочарувачки фактот дека ќе треба да се задоволите со втор избор? Сигурно е дека секогаш сакаме да имаме уредни менија кои изгледаат квалитетно и привлечно но тоа би значело повторна и повторна инвестиција при секоја промена во менито. Како да го избегнете овој трошок и да заштедите пари? Наша препорака е HELIX TAB-G -Модулот за гостинско ресторанско работење со ANDROID TABLET – PC. Бидете секогаш точни, навремени и експедитивни во сите нарачки!
3.Сведете ги грешките во нарачките и испораката на минимум
Ова можеби најмногу ги иритира гостите и доколку сакаме да станеме елитен ресторан овие грешки едноставно мораме да ги сведеме на минимум или најдобро комплетно да ги елиминираме. Сепак традиционалниот начин на работа со тефтерче во рака или уште полошо кога келнерот ја памети нарачката едноставно не ни гарантира сигурност дека ќе го избегнеме човековиот фактор на грешка. Без разлика дали ќе се одлучите за е HELIX TAB-G – модулот за гостинско или HELIX TAB-W – модулот за келнерско работење одбирате непогрешлива сигурност и насмевка на лицата на Вашите гости!
4.Бидете во тренд со времето и промените
Она што најмногу ги разликува успешните претприемачи од другите е тоа што секогаш знаат да ги следат трендовите и да ги имплементираат сите иновации во своите бизниси. Бидете кул и модерни, немојте да се плашите од промени и да робувате на застарениот начин на работа. Нека почувствуваат Вашите гости дека се грижите за нив и дека Вашиот ресторан е модерен и уникатен.
5.Бидете победник!
Одберете да бидете победник! Како ќе се развива Вашиот бизнис и дали ќе успеете да создадете елитен ресторан зависи исклучиво од Вас и од промените кои ќе ги имплементирате во периодот кој следува. Наша препорака е да започнете уште денеска. Побарајте презентација!