Сите сме сведоци дека во некои бутици едноставно уживаме да купуваме, додека некаде, без разлика на понудата, сакаме што поскоро да се упатиме кон излезот. Уметноста во успешното водење на бутици и продавници за чевли не зависи секогаш од финансиската моќ, туку често е последица на мали финеси кои Ве прават поразлични од конкуренцијата. Ви откриваме неколку тајни како да го направите Вашиот бутик омилено место за шопинг оваа пролет.
Немојте од Вашите продавачи да правите магационери!
Продавачите се клучната врска помеѓу Вашиот производ и клиентите. Задоволен и среќен продавач заштедува цело богатство потрошено на маркетинг. Една од првите работи кои треба точно да ги дефинирате се обврските на продавачите. Ќе се согласите дека многу пати сме биле дел од ситуации во кои продавачите во некој бутик наместо да се фокусираат на производите, често играат улога на магационер, проверувајќи по магацините или другите продавници дали ја има на залиха величината која ја барате. Ваша задача е да им обезбедите потребни услови за работа на Вашите продавачи. Тука многу важна улога игра и изборот на софтверското решение.
Денеска скоро сите софтверски решенија во својот опис имаат карактеристики дека работат со величини и сериски броеви, но разочарувачки е тоа што ретко кој софтвер со само еден клик може навистина де информира за точната залиха за величините и сериските броеви во сите магацини и продавници. Ваша задача е да изберете софтвер, кој ќе биде сигурна потпора на Вашите продавачи. Закажете термин!
Подарувајте
Подарокот значи дека се грижите. Многу е важно добро да ги обмислите акциските производи и во понудата да вклучите производи кои ќе им бидат важни на клиентите, а не тоа да биде начин како да се ослободите од непотребните производи. Исто така, пред да почнете со акцијата, направете квалитетна анализа дали понудата е финансиски исплатлива за Вас. Многу често овие акциски понуди можат да направат каша-попара во материјалното и финансовото работење. Пред да се одлучите да формирате акциска понуда и да му го загорчите животот на Вашиот сметководител, проверете дали Вашиот софтвер во моментов поддржува работа со акциски производи? Дали овие производи соодветно ќе бидат третирани и ажурирани во лагер листата, материјалната картица, финансиските извештаи… и.тн. Дознајте како да направите најдобра акциска понуда!
Анализирајте
Многу сопственици на малопродажни бизниси сметаат дека извештаите се потребни само за компании кои работат трговија на големо. Тоа е катастрофална грешка која го носи во стагнација Вашиот бизнис. Успешните луѓе анализираат и планираат без разлика на тоа каков бизнис имаат. Најголем дел од софтверите за малопродажба кои се на пазарот се всушност само каса во електронска форма. Софтверот треба да биде многу повеќе од обична алатка која ќе ви ја замени касата. Какви извештаи има во моментов вашиот софтвер за малопродажба? Дали e главен коректор на Вашиот бизнис? Дали овој месец направивте анализа кој производ Ви носи најмногу заработка? Кој е најпродуктивен вработен? Направете анализа уште денес!
Не одложувајте
Убавите работи не се само за големите и богати компании. Договорете термин уште денес и внесете свежина во Вашиот бутик!