Успехот секогаш започнува со инспирација. Во периодот кој следува ќе имате можност да прочитате серија приказни на успешни македонски компании – корисници на Helix кои не себично за Вас споделуваат дел од нивните тајни за успех. Продолжуваме со Стрелец Трејд – компанија која повеќе од 27 години успешно работи правејќи разлика во сметководствени услуги преку навремено известување, достапност, искуство и совети за подобрување на работа на клиентите.
Во продолжение прочитајте ја оваа уникатна приказна за која сме сигурни дека ќе Ве инспирира на позитивни промени.
За почетоците
Почетоците на сметководственото биро „Стрелец Трејд” се во 1991 година. Кога се отвораат многу можности за формирање на приватни и мали компании, па така и ние решивме да си ја испробаме среќата во тоа што бевме најдобри работејќи во државни фирми-сметководство.
На почетокот немавме средства да купиме компјутер и сметководствен софтвер, сите операции се работеа рачно со дигитрон на картици. Како што се зголемуваше обемот на работа беше неминовно да се дигитализира работата. Во 1997 година го купуваме првиот компјутер и сметководствен софтвер од ЗОНЕЛ Софтвер, со тоа се олеснува работата и станува многу поефикасна и попрецизна.
Нашата мисија
Нашата мисија е да го одржуваме квалитетот на услугите на високо ниво, при тоа да се надградуваме и усовршуваме во сметководството и финансиите, следејќи ги сите трендови кои се неопходни за да бидеме во тек со законските прописи и регулативи.
Услуги за подобрување на работата на клиентите!
Услугата која им ја даваме на нашите клиенти е законски обврзувачка за нивните компании, но сепак ние се обидуваме да направиме разлика во тоа. Разликата е во навремено известување, достапност, искуство и совети за подобрување на нивната работа.
Наши идни планови
Во иднина планираме да ги задржиме вредностите на нашата мисија и да испорачуваме квалитетна услуга за нашите долгогодишни клиенти. Отворени сме за соработка со нови клиенти и проширување на капацитетите, пред се човечкиот капитал.
За Зонел Софтвер
За Зонел Софтвер дознавме преку наши пријатели кои работеа со сервис и продажба на компјутери и во 1997 година го купуваме првиот сметководствен софтвер од Зонел. Тој софтвер беше во МС-Дос оперативниот систем и беше револуционерен за своето време. Како напредуваше технологијата и оперативните системи го добивме Helix, со тоа се зголемија можностите и се олесни работата.
Нашето искуство со Helix
Со Helix работиме од 2005-та година до денес и сме задоволни од можностите што ги нуди. Навремено нуди решение за сите законски промени. Работата е едноставна и прегледна и лесно може нов корисник да се прилагоди на работењето.
Нашиот рецепт за успех
Многу работи може да значат успех, успехот е релативна работа и зависи од личната перцепција.
За нас успех е тоа што работиме повеќе од 27 години, сме работеле со повеќе од 250 компании, сме вработиле луѓе кои стекнале искуство во сметководството и станале столб во финансиите во компаниите каде што заминале да ја развиваат својата кариера.
За нас успех е што сме оставиле наследници да ја продолжат сметководствената приказна за нови 27 години.
Наши 5 златни правила за успех!
Ова се нашите 5 златни правила за успех:
- Напорна работа,
- Добра комуникација со клиентите,
- Напорна работа,
- Зачувување на фамилијарните вредности и поддршка на вработените во нивниот развој,
- Следење и имплементирање на технологија која ви ја олеснува работата.