Економската криза предизвикана од Ковид-19 вирусот скоро и да не остави компанија која во периодов не е погодена или засегната. Секако дека има дејности кај кои последиците се драстично поголеми, но сепак општ впечаток е дека сите ќе треба максимално да се вложиме за да го надминеме кризата. Затоа, соработката помеѓу компаниите и меѓусебното помагање е потребна повеќе од вообичаено. Од сите нас зависи дали ќе останеме пасивни и ќе дозволиме апатична состојба да не надвладее или ќе бидеме позитивен пример на бизнис заедница која се бори за побрзо надминување на кризата.
Најдете начини како нормално да функционира Вашиот бизнис
Од тоа како функционира Вашиот бизнис во поголема или помала мера зависи како функционираат и останатите бизниси. Доколку има поголем број на компании кои имаат пронајдено начин како да функционираат евидентно е дека економијата ќе биде во подобра кондицијара. Ова значително ќе помогне во непречениот проток на пари и стока што е еден од клучните фактори за раздвижување на економијата. Без разлика дали ќе се одлучите да работите онлајн од дома или пак некој поинаков начин на менаџирање на обврските, од Вашата креативност во ситуацијата во голема мера зависи како Вашиот бизнис и бизнисите на Вашите клиенти ќе ја надминат економската криза.
Прилагодите се на ситуацијата
Ова во никој случај не значи дека треба да се правиме како ништо да не се случува и да го пуштиме нашиот бизнис низ вода или да идеме со главата во ѕид. Успешните претприемачи не се успешни затоа што нивните компании не запаѓаат во криза, тука затоа што умеат да се прилагодат на секоја новонастаната ситуација. Прифаќањето на ситуацијата е здрава основа за побрзо надминување на кризата. Или уште подобро, најдете начин како да ја искористите кризата во ваша полза. Тоа не значи да профитирате од маката на другите луѓе со нечесни политики и цени, туку со креативни идеи кои ќе донесат на пазарот нови производи, услуги и паметни бизнис идеи. Работата на развој во еден ваков период може да биде вистинска инфузија за Вашиот бизнис.
Бидете позитивен пример
Компанија која беспрекорно функционира може да биде одличен двигател во вакви периоди. Помогнете им на другите компании со Вашиот став и начинот на кој ги решавате проблемите. Понекогаш во вакви периоди доволно ни е да знаеме дека не сме сами дека има и други компании кои се тука со нас. Понудете најдобра услуга за Вашите клиенти овој период. Бидете точни и навремени во испорачувањето на Вашите услуги и производи. Бидете навремени во подмирувањето на обврските. Бидете деловен партнер каков со кој Вие би сакале да соработувате во ваков период.
Овозможивме најдобри услови за Вашиот нов софтвер
Создадовме најдобри услови за имплементација на Вашиот нов софтвер. Искористете ја оваа исклучителна можност. Програмот кој е заедно со македонските компании изминативе 28 години и е подготвен за сите предизвици со кои се соочувате е со најдобра цена досега! Искористете ја можноста за 25 % попуст за Вашиот нов програм. За полесно да го надминете овој период, првите два месеци добивате гратис одржување кое вклучува беспрекорна корисничка поддршка, нови верзии и законски измени на програмот. Овозможуваме и бесплатни онлајн обуки со кои заедно безболно ќе го поминеме процесот на имплементација и промена.
Можеби Ви е страв од промени и инвестиции токму овој период, но еве зошто е многу Важно токму сега беспрекорно да функционира Вашиот бизнис:
- Прецизно менаџирање со залихите ( софтверско следење и евидентирање на оптималната залиха, максималната и минималната количина.)
- Темелна анализа благодарение на најмоќните комерцијални извештаи (најпродуктивни клиенти, најпродавани производи по периоди, извештаи со кои ќе можете да направите темелна споредба со минатите години и некои други кризни периоди.)
- Подобрена наплата (беспрекорната следливост на доспеаноста и можност за навременото и често алармирање.)
- Зголемена продажба (модул за комерцијално работење кој ќе го извлече најдоброто од Вашите продавачи. Брзо фактурирање, амбулантна продажба, комерцијални извештаи кои Ве насочуваат кон раст на продажбата.)
- Беспрекорна врска со сметководството и сите сектори – Едно решение за сите Ваши проблеми! ( можност за автоматско книжење и елегантно сметководствено работење. Овозможете му на Вашиот сметководител можност да работи на сметководствен програм кој е број 1 изминативе години според искуствата на многу сметководители.)
- Ефикасно прилагодување на програмот на Вашето работење и потреби благодарение на тим поткован со економско знаење и долгогодишно искуство.
Не одложувајте! Закажете консултативен разговор тука и прашајте како може да ги искористите сите поволности!
Носете храбри и паметни одлуки
Како ќе ја менаџираме кризата зависи најмногу од одлуките кои ги носиме! Токму во овој период е од есенцијално значење да ги носиме вистинските одлуки! Одберете компанија која навистина се грижи за Вас!
Закажете бесплатен консултативен разговор!