ЕРП решенијата се систем на интегрирани апликации што ги автоматизираат сложените процеси во компаниите, како управување со клиенти, човечки ресурси, сметководство, нарачки за купување, продажба, итн. Многу често, луѓето претпоставуваат дека таков ефикасен и ажуриран софтвер е наменет само за големи фирми кои вклучуваат огромна работна сила и бројни процеси. Она што луѓето не се во можност да го забележат е дека овој софтвер има за цел да ја направи работата поедноставна и подобра, било да е тоа за голема или мала фирма. Постојат голем број причини поради кои малите фирми треба да размислуваат за воведување на ЕРП решение, во продолжение прочитајте неколку од нив:
1. Зголемена продуктивност:
ЕРП решенијата го олеснуваат организирањето и планирањето на податоците со тоа што сите податоци се достапни на едно место. Продуктивноста е еден од најважните аспекти на фирмата, продуктивноста може да се подобри ефикасно само кога сите важни податоци се достапни кога ви се потребни.
ЕРП решението е интегриран извор на сите потребни информации, ја подобрува комуникацијата помеѓу вработените и клиентите, заштедува време и напор и исто така ги подобрува целокупните перформанси на фирмата во однос на продуктивноста, управувањето, како и продажбата.
2. Подобрен процесот за донесување на одлуки:
Донесувањето на одлуки е навистина многу сериозна и одговорна активност и истата одзема доста време и ресурси. Фирмата се потпира на одлуките донесени од нејзините тимови и според тоа не само што треба внимателно да се носат одлуки, туку истовремено, истите треба и правилно да се донесат, имајќи го во предвид нивното влијание врз резултати за целиот бизнис на компанијата..
ЕРП софтверот интегрира и извршува повеќе задачи, што само по себе му олеснува на тимот да размислува ефикасно и да излезе со одлуки што можат да бидат корисни за фирмата.
3. Намален број на грешки:
Автоматизацијата секако ги намалува потребните активности на вработените, што пак резултира во намалени шанси за грешки. Технолошките достигнувања се познати по автоматизираното функционирање што помага во извршување на процеси без да се прават редовни грешки.
ЕРП решението е сигурен систем кој ќе ги намали грешките не само со автоматизација, туку и со правилно интегрирање и правилно извршување на важните процеси во фирмата. Намалената интеракција помеѓу луѓето и зголемената автоматизација доведуваат до намалени грешки и подобри резултати.
4. Намалени трошоци:
Друг многу важен фактор што секој бизнис го интересира е цената и инвестицијата. Секако воведувањето на ЕРП решението носи почетни трошоци за имплементација, но тоа е еднократна инвестиција која ќе резултира со значителни и позитивни исходи за вашиот бизнис на долг рок.
Кога инвестирате во ЕРП решение, исто така намалувате и други дополнителни трошоци кои би биле неопходни за извршување на функциите што сега може да ги изврши ЕРП софтверот.
Со ослободување на дополнително време на вработените, тие сега можат да размислат за нови идеи и да работат во области за кои инаку немаат време заради преоптоварување со работните процеси кои сега ги презема ЕРП решението.
Бидете победник изберете HELIX
За крај, со сигурност може да се каже дека ЕРП решенијата не се повеќе наменети само за големи фирми. Тоа е решение што може да го користи било која фирма, било да е голема или мала и со тоа да го направи управувањето и функционирањето на компанијата поедноставно, планирано, уредно и навремено.
Ние во ЗОНЕЛ Софтвер нудиме деловни софтверски решенија кои го поттикнуваат растот и профитабилноста на нашите клиенти. Во Зонел Софтвер ние не испорачуваме само софтвер – ние ја испорачуваме комуникацијата, вниманието и грижата за потребите на нашите клиенти и по купување на некое од нашите решенија.