Министерството за економија го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост Ковид-19 периодот.
Оваа мерка предвидува финансиска поддршка од 20 милиони евра за сите деловни субјекти од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот кои во текот на 2020 година ќе реализираат инвестиција.
Главната мерката е да се помогнат компаниите за повторно освојување на пазарите, зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите и зголемување на продуктивноста, со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за закрепнување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.
Кој може да аплицира?
На повикот може да аплицираат компании кои што:
- во текот на 2020 година имаат во реализација инвестициски проект;
- работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош;
- деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства;
- вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение.
Колку средства можете да добиете?
Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план кој што ќе го достави апликантот, но не повеќе од:
- 40000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра;
- 100000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 евра до 10.000.000 евра;
- 140000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра;
- 200000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра.
За повеќе информации, јавниот повик од Министерството за економија можете да го погледнете тука.
Вашиот нов софтвер преку поддршка од Министерството за економија
Пост-ковид периодот е предизвик за сите нас. Стравот од непознато и црните сценарија кои се предвидуваат за економијата, не го остават спокоен ниту еден претприемач. Сега повеќе од било кога се потребни паметни одлуки! Многу е важно правилно да инвестирате во овој период. Искористете ја поддршката од Министерството за економија на најдобар можен начин. Доколку се одлучите да инвестирате во развој на бизнисот преку имплементација на интелигентно софтверско решение кое е специјализирано за Вашата дејност, целосно Ви стоиме на располагање. Меѓусебната поддршка на компаниите е најважен клуч за надминување на кризата.
Зошто е паметна одлука да инвестирате во интелигентно софтверско решение?
- Не постои ниту една успешна компанија која нема добра база. Доколку не ја поставите компанијата на здрава основа, евидентно е дека ќе имате турбулентни периоди. Куќата секогаш се гради од темелот!
- Производствениот процес со сета своја сложеност за евидентирање на нормативите, потрошените репроматеријали и сите под-процеси… може да биде голема главоболка за Вашите административни работници, технолози и сметководители доколку немате соодветна софтверска интеграција.
- На многу компании добрата евиденција на работните процеси им бега токму некаде помеѓу продажбата и следливоста на производите. Интегрирање на работа со ЛОТ броеви е значителен напредок во обезбедувањето сигурни производи за Вашите клиентите.
- Еден од клучните сегменти во обезбедувањето на квалитетот на Вашите производи е мониторингот на амбиентални вредности. Автоматското пополнување на HACCP извештаите, темелната електронска документација, извештаите и системот за електронско алармирање по пат на СМС или Е-Маил ќе Ви помогне да останете мирни и да имате контрола над Вашиот бизнис.
- Моќни комерцијални извештаи! Зголемена продажба! Подобрена наплата! Не ги оставајте работите во рацете на случајноста!
- Беспрекорна врска со сметководството и сите сектори – Едно решение за сите Ваши проблеми! Можност за автоматско книжење и елегантно сметководствено работење. Овозможете му на Вашиот сметководител да работи на сметководствен програм кој е број 1 изминативе години според искуствата на многу сметководители.
Искористете ги сите можности кои Ви ги носи животот. Како ќе ја менаџираме кризата зависи најмногу од одлуките кои ги носиме! Токму во овој период е од есенцијално значење да ги носиме вистинските одлуки! Одберете компанија која навистина се грижи за Вас! Закажете консултативен разговор!