Пред нас е уште една одлична приказна за сметководствена компанија која бележи одлични деловни резултати. Одвојте неколку минути за сведоштво на компанија која воведува нови стандарди во сметководственото работење:

Кога нешто се сака се може!

КОМ-ПРЕС ДООЕЛ е основана во 1992 година, како амбициозен проект на личност која сака да докаже дека кога нешто се сака се може, па дури и во услови кога останува без работа и основна егзистенција. Со 25 годишно професионално искуство позади себе и верба дека може да успее, година за година, клиент по клиент, мрежата на корисници на нашите услуги се шири- единствено по принцип на препорака. Денес сме компанија која работи со клиенти од повеќе области, вклучувајќи и клиенти со целосно странски капитал и индивидуално рапортирање на дневна основа. Рецептот за успех е тоа што работиме на квалитет а не на квантитет.

Нашите планови за иднина се со константна работа и труд како и целосна посветеност на клиентите, да создадеме услови во кои секој би посакал да работи и соработува.

Тимска работа!

Работиме тимска работа, а тимот е составен од нас како даватели на услуги и нашите клиенти како корисници на истите. Секој учесник во тимот зазема посебно и уникатно парче од ЦЕЛОТО кое го сочинува мозаикот на постоењето на нашата компанија.

kom-pres

Нашето искуство со Helix

Зонел Софтвер е компанија за која знаеме од почеток на нејзиното постоење. Носечката личност на нашата компанија беше директно инволвирана во изнаоѓање на најсоодветни решенија кои во тоа време ги креираше тимот на Зонел Софтвер и ги имплементираше како решенија во тогаш „најновиот” софтвер на пазарот. Соработката беше беспрекорна и на задоволство на двете страни. Со Helix се дружиме од самите почетоци, заедно растеме и созреваме. Новото време носи нови барања но и нови пософистицирани решенија на истите. 

Наши 5 златни правила за успех!

  1. Професионалност
  2. Навременост
  3. Прецизност
  4. Ажурност
  5. Комуникативност