Преземање на Демо верзија:
Ви благодариме за Вашиот интерес да го испробате најдоброто софтверско решение на пазарот. На следниот линк можете да ја преземете Вашата Демо верзија на HELIX: Преземи Демо Верзија
Упатство за инсталација
Со кликање на линкот погоре преземате .zip датотека која треба да ја распакувате на Вашиот компјутер. Оваа архива можете да ја распакувате со некоја од следните апликации кој бесплатно можете да ги преземете од Веб: winrar, winzip, 7zip.
После завршеното преземање архивата треба да се распакува на Вашиот компјутер, наша препорака е да се распакува во основниот фолдер Local Disk (C:). Тоа наједносtавно ќе го направите со префрлање на архивата од фолдерот во кој е преземена (најчесто: Downloads) во фолдерот Local Disk (C:)
После префрлање на архивата во Local Disk (C:) истата може да се распакува со користење на некоја од апликациите кои претходно ги спомнавме:
После распакувањето на архивата ќе Ви се појави фолдерот
Во овој фолдер пронајдете го фајлот Firma1.Exe и креирајте за истиот кратенка на Вашиот десктоп:
После креирање на кратенката и нејзино старување со двоен клик го добивате следниов екран:
Доколку при оваа операција наместо горниот екран Ви се појави следната порака:
Наместо со двоен клик на кратенката, кликнете со деснот копче од глушецот и стартувајте го програмот како администратор, односно, одберете ја опцијата „Run as administrator“ како на следнава слика:
Со кликање на копчето Регистирај нов корисник и фирма, ја отворате Вашата Демо фирма и Вашиот Демо Корисник. При што мора да се внесат следните податоци: Назив на фирма, e-mail, лозинка и потврда на лозинка. При внесување на лозинка имајте во предвид дека лозинката треба да биде најмалку 8 карактери долга, да содржи голема буква, барем една бројка и барем еден специјален карактер (!,@,#,$,%,*). После успешно внесување на потребните податоци го добивате следниот екран:
После клик на копчето Во ред ја добивате следната порака во која добивате информација за Вашето корисничко име кое програмот автоматски го креира:
После притискање на копчето Во ред кај пораката со Вашето корисничко име, можете со внесување на Вашето корисничко име и лозинка и притискање на копчето Во ред/ОК да започнете со користење на Вашата демо верзијa од Helix.
Видео упатства за користење на Helix можете да погледнете на следниот линк: Видео обуки, додека документацијата за користење на Helix можете да погледнете на следниот линк: Документација
За сите дополнителни прашања Ви стоиме на располагање на нашите контакти.