Собирање и анализа на податоците за продажбата можеби не е на врвот на Вашата приоритетна листа, но информациите што ќе ги добиете од оваа анализа може да Ви помогнат во растот на Вашиот бизнис и да го подобрите вашето деловно работење. Анализата на продажбата е важен аспект на водење успешен бизнис. Преку анализа на продажбата, можете да одлучите на кои производи да се фокусирате, каде да продавате и како најдобро да стигнете до клиентите.
Зошто треба да ги следите аналитиките за продажба?
Малите бизниси собираат многу податоци. Секој пат кога клиент ќе купи од Вас, на дофат Ви е ризница со информации што може да влијае на сите видови деловни одлуки. Податоците за продажбата се меѓу најдобрите сетови на податоци што треба да ги анализирате, поради голем број причини:
1. Може да Ви помогне да го подобрите протокот на пари.
Готовината е крвоток на секоја деловна активност, а начинот на генерирање готовина е преку продажба. Следејќи ја Вашата продажба, ќе добиете подобра слика за Вашата моментална позиција на готовина и како ќе изгледа во иднина.
2. Влијае на Вашите одлуки за маркетинг и продажба
Малите бизниси ги продаваат своите производи преку неколку канали во физички продавници, магацини и преку Интернет, вклучително и сопствени веб-страници и општи пазари како Амазон. Без да ги следите тие продажби, како и продавниците, нема да можете да ги идентификувате областите на кои треба да се фокусирате. Да речеме дека си го трошевте времето за маркетинг на Фејсбук, за да откриете дека најголемиот дел од продажбата доаѓа од Амазон. Можеби исто така се подготвувате да нарачате повеќе залихи за одреден производ без да сфатите дека побарувачката за него опаѓа.
3. Може да Ви помогне да се фокусирате.
На сопствениците на мали бизниси секогаш им фали време, малку останува во текот на денот да најдат нови клиенти, а не пак да ги анализираат податоците за продажбата. Анализата на продажбата може да му помогне на бизнисот да се фокусира. Пример, една компанија која продава директно на потрошувачи и дистрибутери. После анализа на трендовите во продажбата, компанијата ќе сфати дека ќе биде поуспешна доколку продава исклучиво на дистрибутери.
Анализирајќи ја Вашата продажба, можете да ги идентификувате Вашите најпрофитабилни производи и оние што не се продаваат доволни, Вашите најпрофитабилни клиенти и најдобрите канали за продажба.
4. Може да го подобри Вашиот целокупен бизнис.
Информациите што ќе ги соберете од анализата на податоците за продажбата, можат да ја променат насоката на вашиот бизнис, овозможувајќи ви да преземете активности што го подобруваат Вашето работење.
Кои анализи на продажбата треба да ги следите?
Може да анализирате голем број на податоци за Вашите продажби и за Вашиот бизнис.
- Раст на продажбата: Оваа анализа Ви кажува како се одвива вашиот бизнис во споредба со претходниот период, како што се квартали, еден месец, шест месеци или една година. Ви покажува дали продажбата пораснала, опаднала или останала еднаква со претходниот период.
- Перформанси на производот: Користејќи податоци за продажба за да ги анализирате перформансите на производите, можете да научите кои производи се продаваат добро, а кои не. Можете да ја научите посакуваната боја, тип или годишно време за продажба на одредени производи. Оваа метрика може да ви каже дали треба да нарачате повеќе од одреден производ или да ја намалите залихата на друг производ или треба да се фокусирате на еден производ наместо на друг.
- Стапка на продажба: Овој сет на податоци е корисен за управување со залихите. Тоа ви ја кажува количината на залихи што сте ги продале во одреден период во споредба со залихите што ги имате на располагање. Тие податоци можат да Ви помогнат во Вашата стратегија за продажба.
- Продажни канали: Е-трговијата експлодира за време на пандемијата, принудувајќи ги сопствениците на деловни активности да продаваат преку повеќе канали. Следејќи ги различните места од каде доаѓа продажбата, ќе добиете подобро чувство на кои канали да се фокусирате.
Ова се само неколку од податоците за продажба што можете да ги следите. Кој податоци имаат за Вашиот бизнис зависи од видот на производите што ги продавате, од тоа колку долго сте работеле, од типот на корисници, каналите кои ги користите и слично.
Како да направам анализа на податоци за продажба?
Направете анализа уште денеска, детектирајте ги сите слабости во вашата палета на производи, направете промени и едноставно уживајте како расте Вашата банкарска сметка.
Дали е толку едноставно? Да! Единствено квалитетната анализа и промените после истата ќе Ве однесат едно скалило погоре.
Зошто тогаш се уште воопшто не правиме анализа на своите производи и комитенти или тоа пак го правиме многу ретко и некомплетно? Најверојатно бидејќи се уште ја немаме разбрано важноста на овие анализи и бидејќи една квалитетна анализа на производ или комитент би не чинело многу време, пари и човечки ресурси.
Доколку целиот тој процес би можел да се сведе само на еден клик со маусот сигурно дека би биле заинтересирани. Дали постои такво решение? Да! Ве интересира како? Закажете бесплатна презентација тука и добијте бесплатен совет како да направите моќна анализа! Дознајте како преку 1900 македонски компании го развија својот бизнис. Станете дел од успешните!