Имаме одлични говорници со големо искуство на темата – Гоце Џуровски и Марјан Анѓеловски.
Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 25 години искуство во координација на разни проекти. Има учествувано во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитална трансформација на бизнис секторот.
Марјан Анѓеловски е маркетинг и продажен специјалист со искуство во повеќе компании. Како тим лидер има учествувано во развојот на голем број стратегии за продажба и маркетинг. Негова специјалност е контент маркетинг и директна продажба. Автор е на 6 книги, 3 театарски претстави и е сценарист во неколку тв емисии. Неговите креативни идеи нудат нова естетика и енергија во маркетингот и продажбата.
Настанот ќе се одржи во среда, 16.03.2022, со почеток од 19:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме . Резервирајте го Вашето место. Регистрирајте се.