Сметководството е основен елемент на бизнисот, поврзан со обезбедување контрола, стабилност и одговорност кон финансиите на компанијата. Сметководителите се многу важни во развојот на секоја компанија. На многу начини, сметководството е столбот на бизнисот. Сметководството е процес на одржување, ревизија и обработка на финансиски информации за да им помогне на менаџерите, инвеститорите, даночните власти и други носители на одлуки при менаџирање на ресурсите. Тоа е макотрпна професија која бара исклучителна посветеност за да не се направат пропусти и грешки, кои можат да имаат бројни негативни последици како од финансиски така и од деловен аспект. Сметководителот треба да обезбеди аналитички извештаи за детална евиденција за финансиската состојба и стабилноста на компанијата. Овие извештаи се единствени релевантни појдовни точки при креирање на стратегиите на компанијата на краток и на долг рок. Правилна употреба на финансиските извештаи носи долгорочна финансиска стабилност. Токму затоа, еден од најважните луѓе во секоја компанија е сметководителот.
Каква е состојбата на сметководителите во Македонија?
Многу истражувања покажуваат дека сметководството е професија која старее. Согласно со расположливите податоци на регистрираните сметководители, 53 години е просечната возраст на сметководителите, а само 24% од вкупниот број регистрирани, се на возраст до 35 години. Постојат многу причини зошто сметководствената професија не е привлечна за младите. Една од причините е секако платата, односно чувството дека треба да се вложи премногу труд за не така високи примања. Иако платата на сметководителите е во раст, сепак останува чувството дека сметководителите не се платени онолку колку што заслужуваат. Друга причина е сивата економија и нелојалната конкуренција. Иако постои законска обврска секој сметководител да има склучено договори со своите клиенти за вршење сметководствени работи, сепак свесни сме дека и денес ова не се применува во целост.
Неформалната едукација е светла точка на денешницата
Една од светлите точки во поглед на регрутирање на нови млади сметководители е секако неформалното образование и едукативните центри кои спроведуваат обуки за сметководство. Преку овие обуки учесниците можат самостојно да водат сметководство на мали и средни претпријатија. Учесниците на обуките можат да бидат почетници со или без претходно формално економско образование, исто така можат да бидат и веќе искусни вработени во оддел за финансии кои имаат потреба за комплетни познавања на сметководствените процедури, тековни законски прописи за самостојно водење на финансиско и материјално сметководство. Една од едукативните центри е КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР – компанија која со своите обуки секојдневно едуцира, инспирира и мотивира голем број на млади луѓе во областа на финансиите, сметководството и консалтингот. Повеќе за успешната приказна на КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР можете да прочитате тука: Успешна приказна КОСМО ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР!
Иднината на сметководствената професија
Сметководството е професија која постојано се менува. Напредокот во технологијата фундаментално промени повеќе аспекти на бизнисот, а сметководството не е исклучок. Технолошките иновации како што се податоци во реално време, онлајн состаноци и конференции, мобилни апликации и развој на сметководствениот софтвер овозможија сметководствените работење да стане побрзо и поефикасно. Повеќе информации околу тоа како да имплементирате одличен софтвер за сметководство можете да прочитате тука: Моќен софтвер за сметководство! Во изминативе 30 години вложуваме многу за да гo направиме полесен животот на сметководителите. Продолжуваме со исто темпо. Уште посилни и со повеќе искуство. Закажете консултативен разговор!