Почитувани,

Ни претставува чест да Ве поканиме на онлајн настанот „Како да ја зголемите продажбата во услови на криза“! Продажбата е клучен сегмент кој може да го извлече Вашиот бизнис од секоја кризна ситуација. Во спортот офанзивните играчи се најчесто ѕвезди во екипите. Исто е и во бизнисот. Продажбата Ви носи стабилност, сигурност напредок. Не можеме да размислуваме за некој поголем напредок, доколку не ја унапредиме продажбата.

Ние не сме експерти во областа. Ниту пак сме мотивациски говорници кои говорат за продажба. Но сепак, нашето 30 годишно искуство, одлучивме да го споделиме со Вас. Преку нашите решенија помагаме на повеќе од 1 900 компании да го унапредат својот бизнис. Можеби ќе слушнете и работи кои ги знаете. Но, можеби само една нова идеја и информација ќе Ве инспирира на промена. Промена која значи зголемена продажба, раст и развој. Ќе зборуваме за Вашата победничка стратегија, ќе слушнете за некои техники за продажба, зошто се важни комерцијалните извештаи, како едноставно да креирате комерцијални извештаи, како да продавате на терен…

Имаме одлични говорници со големо искуство на темата – Гоце Џуровски и Марјан Анѓеловски.

Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 25 години искуство во координација на разни проекти. Има учествувано во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитална трансформација на бизнис секторот.

Марјан Анѓеловски е маркетинг и продажен специјалист со искуство во повеќе компании. Како тим лидер има учествувано во развојот на голем број стратегии за продажба и маркетинг. Негова специјалност е контент маркетинг и директна продажба. Автор е на 6 книги, 3 театарски претстави и е сценарист во неколку тв емисии. Неговите креативни идеи нудат нова естетика и енергија во маркетингот и продажбата.

Настанот ќе се одржи во среда, 14.9.2022, со почеток од 19:00 часот и истиот е бесплатен за сите кои ќе се регистрираат навреме . Резервирајте го Вашето место. Регистрирајте се.

А Г Е Н Д А

19:00 – 19:20

Победничка стратегија за успешна продажба

19:20 – 19:40

 Трендови во продажба за 2022 година

19:40 – 20:00

HELIX – Ваш сојузник за подобра продажба

20:00 – 20:20

Завршна дискусија

Ве очекуваме на овој одличен едукативен настан!

Срдечен поздрав,

Тимот на ZONEL Software