Топ предизвици во продажбата

1.Градење доверба во виртуелна средина

2.Презентирање пред вистинските луѓе (одлучувачи)

3.Прилагодување на несигурни времиња во постпандемиски свет

4.Одржување на продуктивноста и профатибилноста

Најнови продажни трендови и предвидувања

1. Продажба базирана на вредност

Продажбата заснована на вредност е еден од  критични моменти за успешна продажба:

  • 92% од купувачите претпочитаат да видат понуда базирана на вредност во раните фази на циклусот на продажба.
  • 87% од компаниите со висок раст применуваат продажба базирана на вредност.
  • Продажбата заснована на вредност потенцијално може да доведе до 70% зголемување на стапките на затворање на продажбата.

2. Продажба преку социјалните мрежи

Акценти од успешноста на продажба преку социјални мрежи:

  • 78% од бизнисите кои вршат ваква продажба генерираат повисоки продажби од оние што не го прават тоа.
  • Ваквите продавачи имаат 51% поголема веројатност да ги постигнат своите квоти.
  • Дополнително, над 10% од продавачите кои се занимавале со социјално продавање затвориле најмалку пет зделки.

3. Успехот на клиентите е врвен приоритет

Зошто успехот на клиентите е тренд во моментов?

  • Околу 50% од потрошувачите се префрлаат кај конкуренти по едно лошо искуство.
  • Покрај тоа, 83% од купувачите кои даваат висок рејтинг за една компанија имаат поголема веројатност да купат производи.
  • Грижата за постојните клиенти може да ја поттикне продажбата и лојалноста на клиентите.

4. Продажба преку повеќе канали е веќе стандард

Овозможува да се прошири досегот на пазарот, ја  зголемува ефикасноста, ги намалува трошоците, го зголемува задоволството на клиентите, поттикнува повторна продажба и води до зголемена продажба и повисоки профитни маржи.

  • Клиентите обично користат 10 или повеќе канали за да комуницираат со добавувачите.
  • 46% од трговците на мало планираат да вложат повеќе пари за продажба преку повеќе канали (BigCommerce, 2022).
  • Околу 74% од клиентите прават онлајн истражување пред да посетат физичка продавница

5. Автоматизацијата на продажбата создава разлика

  • Бизнисите што ја усвоија автоматизацијата на продажбата пријавија зголемување на ефикасноста од 10% до 15%, како и раст на потенцијалот за продажба од 10%.
  • денешните дигитални алатки можат да автоматизираат над 30% од продажните задачи.
  • Изненадувачки, само 26% од организациите користат автоматизација за продажба и маркетинг.

6. Генерирање на потенцијални клиенти преку висококвалитетни информации

Маркетингот базиран на содржина веќе преставува стандард (94% од компаниите веќе го користат).

  • Еден добро промовиран вебинар има потенцијал да привлече потенцијални клиенти со стапка на конверзија од 55%
  • Исто така, 60% од вебинарите имаат намера да создадат лојални клиенти.
  • 104 милиони луѓе во САД редовно слушаат подкасти, а месечната стапка на слушање се зголемува за 37%

7. Продажбата заснована на податоци е модерна

Влијание на аналитиката на податоци и продажбата водена од податоците.

  • го зголемуваат растот на приходите за 2,7 пати во споредба со бизнисите кои не го прават тоа.
  • деловните лидери ја зголемуваат продажбата за 2% до 5% од одлуки водени од податоци.
  • 72% од брзо растечките компании велат дека аналитиката им помогнала да креираат ефективни планови за продажба

8. Поблиска врска помеѓу продажбата и маркетингот

  • 87% од компаниите велат дека усогласувањето на продажбата и маркетингот е огромна можност за подобрување на деловните перформанси
  • 9 од 10 професионалци за продажба и маркетинг веруваат дека не се усогласени низ културата, стратегијата, содржината и процесот на продажба
  • Усогласувањето на продажбата и маркетингот потенцијално доведува до 400% повисок годишен раст

9. Продажба на Z-генерацијата

  • 32% од глобалното население – New York Post
  • Меѓу причините е нивниот растечки број и куповната моќ.
  • 45 милијарди потрошувачка директна моќ (Debt.com, 2020) и дополнително влијание на околу 600 милијарди американски долари на семејната потрошувачка (Business2Community)

10. Користење на продажни видеа

Видеата ги достигнаа фотографиите во однос на онлајн ангажманот, па затоа е сосема логично тие да бидат дел од која било стратегија за продажба и маркетинг.

  • Просечен човек троши 100 минути дневно гледајќи видеа
  • 52% од маркетерите користат повеќе видеа отколку слики на Фејсбук.
  • видеата имаат потенцијал да го намалат циклусот на продажба за 50%.

ЗАКЛУЧОК

Бизнисите не мора да ги прифаќаат сите трендови на продажба, но има многу да избираат, онаа што е најдобра за одреден бизнис. Сепак, клиентите и нивните потреби остануваат во фокусот на продавачите, сега повеќе од кога било.