Почитувани дами и господа, ни претставува чест да Ве поканиме на вебинарот: Дигитализација на HACCP.

Со воведувањето на HACCP системот, прехранбената индустрија изминативе 50 години бележи значителни промени во насока на безбедност и квалитет на прехранбените производи. Но сепак, поразувачки податок е тоа што и денес, во ера на дигитализација и технолошки развој, голем број на компании HACCP системот го спроведуваат со помош на хартија и пенкало. Токму затоа го организираме овој ексклузивен настан каде ќе слушнете одлични информации како да го дигитализирате HACCP системот во Вашата компанија.

За кого е настанот?

За сите компании или поединци кои работат со расипливи производи (млечна и месна индустрија, овошје и зеленчук… и.т.н.). За сите кои бараат нешто повеќе за себе и за својот бизнис. За сите кои сакаат да произведуваат безбедни и квалитетни производи за своите клиенти. За сите кои сакаат да бидат чекор пред конкуренцијата.

Кои сме ние?

ЗОНЕЛ СОФТВЕР е софтверска компанија која изминативе 30 години помага во развојот на македонските компании преку имплементација на софистицирани софтверски решенија. Нашата мисија е на клиентите да им обезбедиме моќни решенија кои ќе го извлечат најдоброто од нив. Веруваме и сме сведоци дека преку транспарентна, отворена, професионална и искрена соработка, може да се изгради деловна соработка базирана на вистински вредности.

ДЕЛ СОЛУШН Д.О.О. е компанија која на пазарот нуди професионална и квалитетна услуга фокусирана во областа на менаџмент консалтингот, бизнис планирањето и едукацијата. Друштвото е посветено на ефективно и ефикасно работење, применува проактивен пристап кон решавање на проблемите и големо внимание придава на задоволството на клиентите.

Настанот ќе се одржи во среда на 09.11.2022 со почеток од 19 часот преку платформата ZOOM. Линк до истиот ќе добиете на Вашата E-Mail адреса.

А Г Е Н Д А

19:00 – 19:05

Вовед

19:05 – 19:25

HACCP и Предусловни програми – потребни информации

19:25 – 19:45

Мониторинг на температура и влага

19:45 – 20:05

Следливост на производството по лотови

20:05 – 20:15

Прашања и одговори

Водител на настанот ќе биде Марјан Анѓеловски – Маркетинг асистент (Зонел Софтвер). Говорници и специјални гости се Стојадин Стојановиќ – Менаџмент консултант (ДЕЛ Солушн Д.О.О.) и Гоце Џуровски – Менаџер за маркетинг и продажба (Зонел Софтвер).

Гоце Џуровски (Електротехнички факултет од областа на компјутерската технологија, информатика и автоматика) е експерт за проект менаџмент, со повеќе од 20 години искуство во координација на разни проекти. Има учествувано во многу успешно реализирани проекти, финансирани од програмата на ЕУ, ФИТР, УНДП и УСАИД. Неговото минато професионално искуство вклучува дизајнирање, развој и имплементација на софтверски решенија за мали и средни претпријатија. Тој има долгогодишно искуство во процесот на дигитална трансформација на бизнис секторот.

Стојадин Стојановиќ –  Дипломиран Агро-економист; Двојни студии на ФЗНХ Скопје и Универзитетот SLU (Sveriges Lantbruksuniversitet) во Упсала, Шведска (МBA). Повеќе сертификати за Водечки проверувач за стандарди, различни едукации за програмирање, ПМП, Проекти, законски барање и регулативи, личен развој.

Искуство со стандардите повеќе од 20 години. Аудитор, Консултант и Предавач за меѓународните управувачки и технички стандарди, организација, менаџмент, планирање, продуктивност. Имплементација на стандарди и методи за подобрување во повеќе од 500 компании со околу 1.200 проекти; Спроведено повеќе од 250 in-house обуки и повеќе од 40 отворени обуки; Учество во повеќе од 500 аудити од 2008 година.

Опсег на работа: Стандарди за безбедност на храна и козметика, квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа, информатичка сигурност и други. Оптимизирање на бизнис процеси; зголемување на продуктивност и ефикасност; Стратешко планирање и управување; Систематизација на работни места.

Активна работа во Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Словенија и Косово.

Сите учесници на настанот ќе добијат сертификат за присуство на Вебинарот: Дигитализација на HACCP

Резервирајте го Вашето присуство со пријава на формата која е подолу во овј текст.. Не пропуштајте да дознаете моќни информации кои ќе Ви помогната да го унапредите Вашиот бизнис.