Човечкиот потенцијал е најважниот ресурс во секоја компанија. Успешно менаџирање со вработените е најважен приоритет на секој лидер. Покрај грижата за обезбедување на потребните услови, позитивна работна атмосфера, грижа за целите на вработените и нивниот личен и професионален развој, постојат и законски обврски на секоја компанија како водење на прецизна евиденција за своите вработени. Во моментов, во нашата земја не постои ниту едно софтверско решение кое претставува интегриран систем кој ги задоволува сите аспекти во правец на прецизна евиденција за вработените. Па затоа, многу компании мора да користат најмалку три различни независни софтвери за да бидат чисти пред законот, но и да имаат барем некое основно следење на работните активности на вработените. Овој проблем беше наш основен водич при креирање на досега единственото, супер моќно и прецизно интегрирано решение за менаџирање со човечки ресурси, личен доход и евиденција на работно време.