Ако сте човек со визија за свој бизнис, мотив за „сам свој газда“, енергија да се борите со предизвиците, тогаш овој оглас е токму за вас.
Прочитајте и дознајте повеќе за можноста да добиете неповратна финансиска помош од 369.000 денари од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и да основате свој бизнис.
За кого е оваа можност?
Се охрабруваат невработени лица со минимум завршено средно образование, со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво).
- Невработени млади лица до 29 години
- Невработени лица со попреченост
- Невработени лица – мажи до 60 години и жени до 58 години
- Жени-жртви на родово базирано насилство и жртви на семејно насилство
- Невработени лица кои сакаат да го формализираат својот бизнис-мажи до 60 години и жени до 58 години
- Невработени лица Роми-мажи до 60 години и жени до 58 години
- Невработени лица повратници[1]
Повеќе информации како можете да аплицирате можете да прочитате на веб страницата на Агенција за вработување.
Ви даваме поддршка за дигитализација на работните процеси!
Една од клучните работи за успешен бизнис е интегрирање комплетна контрола на целокупното работење на компанијата и е од витално значење за една нова старт-ап компанија да има стабилно систематско работење од самото основање. Со цел да го поддржиме претприемачкиот дух одлучивме на секоја ново основана компанија да и овозможи специјален попуст на сите софтверски решенија.
Според нашите истражувања имаме единствено софтверско решение на пазарот кој го опфаќа целокупното работење на за компаниите брз разлика на дејноста, од прием на роба, складирање, производство, продажба, продажни анализи и извештаи до сметководствена евиденција и книжење.
Според искуството на нашите комитенти, ова се реални резултати кои можете да ги очекувате уште во првите 3 години:
- Подобра евиденција на процесите
- Помалку грешки во работењето
- Зголемено производство
- Зголемена продажба
- Среќни и задоволни комитенти
Одберете стабилен партнер! Сѐ што треба да направите е да го пополните овој краток формулар и веднаш ќе Ве контактираме, за да направиме заеднички план за повикот за самовработување на АВРСМ.