Извештај на доспеани документи

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Извештaи >

Извештај на доспеани документи

Модулот за финансово работење во програмот HELIX, нуди можност за експорт на повеќе вида на финансови извештаи. Меѓу често употребуваните во пракса се и извештаите за Доспеани документи. Овие извештаи се повикуваат за конкретно конто и даваа приказ на податоци по број на денови на доцнење на фактури до конкретен датум за секој комитент, износ на доспеан долг за различен период за секој комитент поединечно и вкупно за сите комитенти, графички приказ на податоците и слично.

 

Практична можност на овие документи е можноста за прилагодување и самостојно одредување на деновите на доцнење за креирање на извештај согласно потребите на секој корисник на програмот.

 

Повикувањето на ваков тип на извештај е на следната патека:

Финансово а Извештаи а Доспеани документи

 

dd1-AA

 

На првичниот прозорец кој се јавува важно е да се зададат параметрите  кои се услов за приказ на извештајот:

1.Ограничување на датум до кој е потребно да се пресметаат деновите на доцнење и износот на доспеаниот долг

2.Внес на конто за кое се однесува извештајот (аналитичко по комитент).

3.Ограничување на приказот на податоци, т.е. команда дали извештајот да ги прикаже сите доспеани документи на зададениот датум или само документите кои доспеваат на датумот кој претходно е поставен по повикувањето на извештајот.

4.Со повикување на копчето Денови се јавува малиот прозорецот 5.

5.Се коригираат деновите на доцнење, согласно потребите за извештајот.

6.Откако ќе се постави датумот и контото и ќе се определат деновите на доцнење за кои е потребно да се прикаже извештајот за доспеани документи, неопходно е да се избере копчето Освежи за приказ на податоците.

7. Се одредува дали да се прикажат износите во денари или во девизи (доколку извештајот се повикува за конто аналитичко по комитент, определено за девизно работење. На при. 1210, 2210 исл.)

8. Извештајот по поставените услови за истиот може да се експортира во Excel, со избор на копчето Експорт во Excel.

 

По соодветното поставување на условите за извештајот и избор на копчето Освежи, на екранот се прикажува следниот извештај и преглед:

 

dd2

 

1.Приказ на табела во која се содржани сите комитенти за кои има финансови книжења на зададеното конто со соодветни податоци за доспеан долг согласно поставените денови на доцнење и тоа во соодветна колона. Додека пак во колоната “неодредени” е сумата на доспеаниот долг за чие книжење не е поставена валута на доспевање.

2.По селекција на конкретен комитент (на примерот комитент Piano 1) и избор на копчето Содржина во веднаш под онаа со прикажаните комитенти и доспеани салда, се прикажуваат конкретните документи кои се доспеани за избраниот комитент и тоа со податоци за бројот на фактура, датум, валута, износ и денови на доцнење.

3.Малата табела во долниот десен агол содржи податоци за сумата на вкупните доспеани салда за соодветното конто и период и тоа по денови на доцнење, каде што како Неодредени е износот на доспеани документи за кои не е поставена валута.