<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Споредбена спецификација |
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде опфатено:
-споредбена спецификација
Во програмот постои можност за финансиска евиденција на книжењата на две конта со нивна споредба, како би се евидентира можноста за пребивање или сл.
Оваа опција може да се повика на следната патека:
Финансово а Споредбена спецификација
Во овој прозор може да се внесе кои две конта се споредуваат, на пример 1200 и 2200, се ограничува периодот за кој се однесува споредбената спецификација и можноста со избор на комитент да се ограничи извештајот само за еден комитент (доколку не се внесе комитент, извештајот ќе се однесува на сите комитенти).
Пример 1:
Доколку споредбената спецификација се повика за конкретен комитент, извештајот кој се генерира се однесува само за конкретно избраниот комитент.
Документот кој се повикува на овој начин е Компензација, кој понатаму би можел да се искористи како валиден документ за пребивање на салда.
Пример 2.:
Доколку не се избере комитент, извештајот се повикува за сите комитенти од шифрарникот на комитенти.