<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Финансово работење > Завршна пресметка > Правила за завршна пресметка |
Во овој дел од упатството за користење на модулот финансово работење ќе биде биде опфатено:
-детално објаснување на постапката за креирање на АОП правила за завршна пресметка
Функционалноста на автоматското креирање на завршната сметка во програмот HELIX меѓу другото е условено од претходно креираните правила за завршна пресметка.
Еднаш поставените правила за завршна пресметка нема потреба секоја година повторно да се креираат, т.е. истите се поставуваат само еднаш и се користат за секоја наредна годишна сметка и за сите фирми чие финансово работење се води во програмот во иста база, секако со можност за промена, дополнување и бришење на истите зависно промената на принципот на работа, промена на законските правила за содржината на собироците од кои е составена завршната сметка и сл.
Правилата за завршна сметка се формираат на следната патека: Финансовоа Завршна (периодична) пресметка а Правила за завршна пресметка
Со избор на креирање ново АОП правило се отвара прозорец во кој се внесуваат редниот број (кој може да биде и децимален доколку истото е потребно, т.е. кога е потребно да се внесе АОП правило меѓу други две веќе креирани правила), потоа се внесува АОП позицијата од завршната пресметка која е потребно да се пополни со овој креиран собирок, колона која треба да се пополнува и поставување на собироците кои ја содржат оваа АОП позиција за некој од билансите, во програмот има можност за поставување до 40 собироци за една АОП формула.
Креирарање формула за АОП
По внесот на реден број, АОП позиција и колона се пополнуваат полињата за секој од собироците и тоа на следниот начин:
1.Најпрво се обележува дали од овој собирок ќе се собира или одзема износот, соодветно избирајќи “+” или “-”.
2. Во следното поле се избира дали собирокот е составен од:
-К (конто, т.е. податок од бруто билансот),
-А (АОП – претходно одредена вредност од АОП),
-Ф (фиксна вредност).
3. Следно се дава команда дали собирокот да влече износ од претходно одредената вредност ( само доколку се работи за конто) од дадените кратенки:
-СА (салдо)
-ПД (претходно должи)
-ПП (претходно побарува)
-ТД (тековно должи)
-ТП (тековно побарува)
-ВД (вкупно должи)
-ВП (вкупно побарува
4. Следно се избира, т.е. се дава команда до програмот дали овој собирок се однесува на класа од конта, група на конта, некое фиксно конто или пак фиксна вредност (износ), каде што:
-З (започнува на. Пр: 73 (група 73 од контен план))
-Ф (фиксно. На Пр: 7310 конто или 20.355ден)
5. Поле за внес на претходно избраното (започнува на/фиксно). Тука рачно внесуваме конкретно класа, група или конкретно поле или вредност.
6. Последното поле за избор се користи само доколку собирокот ни се однесува на АОП позиција од минатата година и во моментов се користи само А5 што значи (АОП позиција од колона 5 од мината година)
Пример за комплетно креирана Формула за АОП позиција 202 од Билансот на успех:
При креирањето на АОП правилата за ДБВП во полето за АОП се внесува: 904 (пред позицијата секогаш се внесува 9), секогаш се внесува Колона: 5
При креирањето на АОП правилата за ДБ во полето АОП се внесува 805 (пред позицијата секогаш се внесува 8), Колона 4.