Книги

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство >

Книги

Во делот на книгите можеме да ги најдеме потребните книги поврзани со тековното работење и врз основа на нив да добиеме соодветни податоци кои ни се потребни.

Во паѓачкото мени Книги можеме да ги најдеме следниве книги

1.Книга на РК-МТ

2.Книга на жиро сметки

3.Книга на угостители (КПУ)

4.Книга на услуги

5.Книга на РК-МТУ

6.Книга КП

7.Книга КДП

8.Книга за златари ЕЗ

 

Книгата на РК-МТ е всушност книгата на трошоци, оваа книга се пополнува рачно. При повикување на книгата се појавува прозорец првично за одбирање на продавница а потоа и за одбирање на период за кој сакаме да добиеме приказ.

 

 

Нова ставка се внесува со инсерт од тастатурата или со кликнување на копчето нов со маусот. Со ова се отвара дополнителен прозорец во кои рачно можеме да направиме внес.

 

 

Потребно е да се внесе датум на книжење, број на документ, комитент, вид на материјалот, трошок, тарифата, набавната вредност, платните трошоци и забелешка. Полињата ги пополнуваме соодветно нашите потреби. Со Во ред или Ф9 од тастатурата се потврдува и истото се запишува во книгата на трошоци. За промена се користи копчето промена, додека за бришење се користи копчето за бришење. Книгата на трошоци се печати со одбирање на копчето за печатење.

 

 

Книга на жиро сметки и оваа книга се пополнува рачно согласно потребите. На истиот начин по предходно одбирање на продавница и дефинирање на периодот за кој сакаме да добиеме приказ, рачно со копчето Нов или Инсерт од тастатурата имаме можност за внесеме исплата или наплата на жиро сметка.

 

 

Во ова прозорче можеме да внесеме податоци како број на извод, датум на книжење, описот можеме да го избереме со Ф5 каде што ни се отвара дополнителен прозорец со можност за избор или дополнителен внес

 

 

Го одбираме комитентот, уплатата или исплатата. Овдека дополнително можеме и да внесеме податок за трошок кој ќе биде искажан во трошковната книга. За ова треба да бидат пополните податоците за трошок , продавница и тарифа во делот податоци за РК-МТ.

По пополнување на потребните податоци се прави запис во Ф9 или во ред.

Печатење на внесените податоци се прави со Ф2 или со кликнување на копчето печатење, додека промена и бришење се прави на копчињата од десната страна на прозорецот соодветно потребите.

 

Книгата на услуги се користи за евиденција на трговските услуги. Фукционира на истиот начин како и предходните со рачно внесување на копчето Нов.

 

 

При внесување на нова ставка во книгата на услуги се пополнуваат следниве податоци како број на документ, датум, назив или тип, износ, опис на услугата и наплатено. Се потврдува со Во ред.

Промена и бришење на ставката се прави на копчињата за промена или бришење соодветно потребите.

Печатењето на образецот ЕТУ  се прави на копчето печатење.

 

Книгата на РК-МТУ е всушност работна книга за материјали и трошоци во угостителство.

По одбирање на продавницата и конкретниот период треба да направиме рачен внес на трошковите во угостителскиот објект за истите да бидат истакнати во оваа книга.

 

 

Се внесува датум, број на документ, опис, број на трошок и трошоци. Во долниот дел се пополнува количината и вредноста на ставките. По завршување на внесување на вредностите ставката се запишува со ВО РЕД.

За промена или бришење се користат копчињата ПРОМЕНА и БРИШЕЊЕ.

Печатењето на книгата се прави со одбирање на опцијата за печатење при што добиваме образец РК-МТУ односно работна книга на материјали и трошоци за одредениот период во угостителство.

 

КП Книга на промет и оваа книга се пополнува рачно.

 

 

Во оваа табела се пополнува датумот на книжење и описот, остварен промет од производи во готовина согласно тоа што подлежи на данок или пак не подлежи. Исто и остварен промет преку жиро поделено на тоа што подлежи на данок или пак не подлежи. Паралелно може да се пополни и остварениот промет од услуги на истиот начин како што се пополнува и за производите. Сите овие промети можат да бидат поврзани со комитент или број на фактура. Во овој дел може да се внесе и ставка дирекно во книгата на златари, доколку се работи за остварен промет со продажба на злато.

По пополнување на потребните податоци се потврдува со ВО РЕД или Ф9,

Во овој дел имаме можност за избор на печатења за книгата на промет, односно со печатење на промет за производи или пак посебно печатење за остварен промет од услуги. Во печатење КП се печати вкупниот остварен промет во конкретната избрана продавница.

 

Книгата на КДП треба да ги прикаже сите фактури кои содржат износ на ддв 18 или 5%.

Било дали е влезна или излезна калкулација а има ддв треба да биде прикажена во оваа книга. Притоа на печатење се добива еден приказ од сумарно влезно и излезно ддв.

Значи се зимаат сумарни податоци од влезни и излезни калкулации за набавен износ и сумарни податоци од влезни, излезни и нивелации за продажен износ групирано по ддв проценти.

 

Книгата на златари се пополнува рачно со нов или инсерт од тастатурата.

 

 

Се внесуваат податоци за продавач или купувач и за примено или продадено злато.

По внесување на податоците истото се потврдува со ВО РЕД или Ф9, за да се направи запис во книгата на златари.

Промената или бришењето на ставки се прави на копчињата промена или бришење согласно потребите.

Печатењето се повикува на копчето печатење и добиваме евиденција за купено, продадено или преработено злато.