Малопродажба

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство >

Малопродажба

Во модулот за малопродажба потребно е да се внесат сите податоци за нормална функција на продавницата. Во истиот модул се прави и продажба преку каса поврзана со фискален апарат.

 

Овој модул ги содржи следниве менија кои подоцна ќе ги објасниме и сите подетално

 

-Калкулации

-Трговска книга

-Картици на производ

-Лагер Листа

-Лагер листа проширена

-Други прегледи

-Упросечување

-Каса

 

maloprodazbakalku

 

За да започнеме со работа во малопродажба, најпрво би ни било потребно да провериме некои неопходни работи кои треба да ги имаме дефинирано во програмата. Треба да имаме отворено продавница, доколку немаме истото можеме да го направиме во шифрарникот на продавници.

 

 

Со кликнување на копчето нова, ни се отвара дополнителен прозорец на кој можеме да внесеме податоци за конкретната продавница, во овој случај доволно е да се внесе број и назив на продавницата, а другите податоци секако можат да се пополнат по желба и потреба.

 

 

По пополнување на соодветните податоци потребно е да се потврди со копчето ВО РЕД или Ф9 на тастатурата. Исто така, убаво е да се напомене дека имаме можност за отвoрање на повеќе продавници соодветно нашите потреби.